Самурај Чамплу
Самурај Чамплу (јап. サムライチャンプルー [Самураи Чанпуруу], анг. Samurai Champloo) ━ јапонско аниме, односно ТВ-серија создадена од Manglobe. Претставена е од продукциски тим воден од главниот творец и режисер Шиничироо Уатанабе, ликовен дизајн на Казуто Наказауа и механички дизајн на Махиро Маеда. САМУРАЈ ЧЕМПЛУ е првиот режисерски ангажман на Уатанабе за аниме телевизиска серија по критички реномираната серија КАУБОЈ БИБОП. Прв пат била емитувана во Јапонија на Фуџи ТВ на 20 мај 2004 година, до 19 март 2005 година, и вкупно има дваесет и шест епизоди. Серијалот е сместен во алтернативна верзија на Јапонија од Едо периодот (1603-1868 г.) со анахроничен, главно хип-хоп, амбиент.[1] Серијата ги следи Муген, дрзок и слободољубив скитник мечувалец; Џин, сериозен и стоички ронин; и Фуу, храбра девојка која ги замолува да ја придружуваат во нејзината потрага низ Јапонија за да го пронајде „самурајот што мириса на сончогледи“. ЧАМПЛУ има многу сличности со другото дело на Шиничироо Уатанабе ━ КАУБОЈ БИБОП. Двете серии се критички реномирани, се фокусираат на мешање на жанрови, следат епизоден наративен дизајн и користат современа музика.[2] Серијата била синхронизирана на англиски јазик, а англиската синхронизација била премиерно прикажана во САД на аниме програмата на Adult Swim на 14 мај 2005 година. ПриказнаМладата девојка по име Фуу работи како келнерка во чајџилница кога е нападната и злоставена од група самураи во служба на локален градски богаташ. Таа е спасена од мистериозен скитник по име Муген и млад ронин по име Џин. Муген го напаѓа Џин откако тој се покажува како достоен противник. Двојката започнува борба меѓусебно и ненамерно ја предизвикуваат смртта на Шибуи Томоношина, синот на градскиот судија. За ова дело, тие треба да бидат погубени. Со помош на Фуу, тие бегаат од погубување, а за возврат, Фуу ги замолува да патуваат со неа за да го пронајдат „самурајот кој мириса на сончогледи“. Сместување и стилСпоред режисерот, серијата се одвива за време на Едо периодот, приближно шеесет години по крајот на Сенгоку периодот.[3] САМУРАЈ ЧАМПЛУ користи мешавина од историските позадини на Едо периодот со модерни стилови и наводи. Серијата се потпира на фактички настани од Јапонија од Едо ерата, како што е Шимабара востанието (во епизодите „Unholy Union“; „Evanescent Encounter, Part I“); Појавата на лик со потекло од Холандија во ера во која со указ се ограничени јапонските надворешни односи (во епизодата „Stranger Searching“); Укијо-е уметност (во епизодата „Artistic Anarchy“); и измислени верзии на реални личности од Едо ерата како Марија Енширу и Мијамото Мусаши („Elegy of Entrapment, Verse 2“). Содржината и точноста на историската содржина честопати се искривува заради уметничка интерпретација. Историски контекст и влијание од ЗападотСАМУРАЈ ЧАМПЛУ содржи многу сцени и епизоди во врска со историските настани од Едо периодот. Во епизода 5 („Artistic Anarchy“), Фуу е киднапирана од познатиот укијо-е сликар Хишикава Моронобу, фигура истакната во уметничката сцена во Едо периодот.[4] Во епизода 23 („Baseball Blues“) главните ликови играат бејзбол натпревар против Александер Картврајт и тим американски бејзбол играчи кои се обидуваат да и објават војна на Јапонија.[5] Што се однесува до влијанијата од Западот, најавната шпица на шоуто, како и многу песни од саундтракот, имаат хип-хоп влијание.[6] Во епизода 5, Винсент ван Гог е наведен во врска со укијо-е сликите на Хишикава Моронобу.[7] Хип-хоп пејач ги предизвикува главните ликови во епизода 8 („The Art of Altercation“) и користи брејкденс при борбата.[8] Во епизода 18 („War of the Words“) графитите, чие културно потекло е во западната уметничка форма, се изведува од некои ликови како уметнички израз и форма на пишување. Крајот на епизодата го инспирира Муген да го напише своето име на покривот на Хирошима замокот, палатата на даимјоо феудалците во Едо ерата. Ликови![]()
Освен триото, другите ликови имаат тенденција да се појавуваат само еднаш до двапати низ целиот серијал. Епизоди26 епизоди се создадени во продукција на Manglobe, а по сценарио и режија на Шиничироо Уатанабе. Првата епизода била премиерно прикажана во Јапонија на ТВ Фуџи на 20 мај 2004 година, а последната на 19 март 2005 година. ПроизводствоСАМУРАЈ ЧАМПЛУ се смета за пример на популарниот филмски и телевизиски жанр чанбара. Заштитните знаци ги вклучуваат Едо периодот, самураите или другите ликови со мечувалски вештини кои се во фокусот и многуте возбудливи, драматични борби.[10] Чанбара се користела во раните денови на јапонското кино (кога владината политичка цензура била силна) како начин на искажување на скриена критика кон општествените проблеми. Зборот чемплу доаѓа од окинавскиот збор чанпуру (поточно гоја чанпуру, окинавски специјалитет кој содржи горчлива диња). Чанпуру, самостојно, едноставно значи „да се меша“, „измеша“; ова сугерира дека насловот на серијата во превод значи нешто слично на „Самурај Ремикс“, што дополнително ја рефлектира нејзината хип-хоп естетика. Серијата настанала за време на продукцијата на филмот КАУБОЈ БИБОП, кога Уатанабе сакал да создаде нешто антитетичко за споредба од воглавно мирната и зрела атмосфера на таа серија. Тој го сметал Муген како млад и малку глупав, давајќи му силен контраст со Спајк Спигел. Џин е создаден како ликовен штит за Муген, спречувајќи ја приказната да води во еднодимензионална насока.[11] ![]()
Медиуми![]() Оправдано Присутни. САМУРАЈ ЧАМПЛУ премиерно била прикажана во Јапонија на 20 мај 2004 година, на ТВ Фуџи, завршувајќи на 19 март 2005 година, опфаќајќи вкупно 26 епизоди. Во Јапонија се емитувала и на Animax. Во Македонија била емитувана на А1 телевизија и подоцна и издавана во ЦД формат во детското списание Оправдано Присутни. АнимеGeneon ја лиценцирал серијата за дистрибуција во Северна Америка скоро една година пред да се емитува во Јапонија. Англиската синхронизација била премиерно прикажана во САД на аниме програмата на Adult Swim на 14 мај 2005 година. Емитуваната верзија била изменета на начин што вулгарниот јазик бил заменет со звучни ефекти, а сцените од крв и голотија била целосно исечени. Првото емитување на епизодите завршило на 8 март 2006 година. САМУРАЈ ЧАМПЛУ дебитирало во Канада на 24 декември 2006 година, на дигиталната станица Razer. Серијата се емитувала и во Велика Британија, Франција, Латинска Америка, Австралија, Нов Зеланд, Полска, Мексико, Португалија, Шпанија и Германија. Geneon, во соработка со Funimation, ја објавиле повторно целата аниме серија од 26 епизоди во сет кутија во јуни 2009 година и на Blu-ray во ноември 2009 година.[12] Од 26 ноември 2010 година, Funimation целосно ја лиценцирале серијата и уште еднаш ја објавиле во Класикс програмата на 24 мај 2011 година.[13] Аниме серијата се вратила на американската телевизија на FUNimation каналот од 21 март 2011 година.[14] Серијата се вратила на Adult Swim на 2 јануари 2016 година, овојпат како дел од возобновената програма Toonami, заменувајќи го Мичико и Хачин. Епизодите користат шест тематски музички дела:
МангаМангата САМУРАЈ ЧЕМПЛО дебитирала во Shōnen Ace на 26 јануари 2004 година и завршила на 26 септември 2004 година.[15] Tokyopop ја лиценцирале мангата во издание на англиски јазик во Северна Америка, а Madman Entertainment ја издале на англиски јазик во Австралија и Нов Зеланд. Исто така е лиценцирана за издание на португалски јазик и шпански јазик во Бразил и Шпанија од Panini. Манга серијалот има 2 тома. Иако мангата била попрво објавена, аниме продукцијата се смета за оригиналниот производ. Затоа, Shonen жанрот не може да се примени на аниме и важи само за мангата. СаундтракМузиката користена во серијалот била издадена преку четири саундтрак ЦД-ња од Victor Entertainment.
Два дополнителни саундтрак албуми следеле на 22 септември 2004 година:
Два одделни саундтрак албуми биле објавени во 2004 година од Geneon Entertainment само во Северна Америка. Тие ги содржат повеќето исти песни како од јапонските албуми:
ВидеоиграGrasshopper Manufacture развиле видео игра за PlayStation 2 заснована на серијата под наслов „Samurai Champloo: Sidetracked“; сепак, производителот изјавил дека играта нема никаква врска со настаните прикажани во шоуто. Саундтракот е компониран од Масафуми Такада и Џун Фукуда, а е напишан од Гоичи Суда. Објавен е на 23 февруари 2006 година, во Јапонија и на 11 април 2006 година, во САД. Добил мешани критики.[17] Играта е значајна по тоа што му дала име на карактеристичниот меч на Муген, „Typhoon Swell“; ова име никогаш не било користено ниту во анимето, ниту во мангата. ПриемСАМУРАЈ ЧАМПЛУ добило критичко признание; многу од критичарите и уметниците ја пофалиле уникатната мешавина на жанрови и влијанието на музиката во рамките на серијата.[18] Амбиенталниот саундтрак снимен од уметниците Fat Jon, Force of Nature, Tsutchie и покојниот Nujabes добил многу високо признание од критичарите, а IGN го рангирал како #10 на нивниот список ТОП ДЕСЕТ АНИМЕ ТЕМИ И САУНДРТАЦИ НА СИТЕ ВРЕМИЊА.[19] Научнички есеј е напишан од писателот Џиуон Ан за серијата и нејзината врска со западната култура, како и за различните жанрови во телевизијата и филмот. Есејот е објавен во учебникот How to Watch Television, а моментално се користи во УСЦ Школата за кинематска уметност.[20] Во својот есеј, Ан ја наведува серијата како „богат текст што треба да се испита во аналитичката рамка на авторизмот и теоријата за жанрот“. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia