Самцхе-Џавахетија
Самцхе-Џавахетија (груз -სამცხე-ჯავახეთი) е регион во јужна Грузија, со Ахалцихе како главен град.Таа има 6 административни дистрикти: Ахалцихе, Адигени, Аспинѕа, Бојроми, Ахалкакаки и Ниноцминда. Вкупно има 268 села во целиот регион. Се граничи со Гурија и Имеретија на север, Внатрешна Картли и Долна Картли) на североисток и исток, Ерменија и Турција на југ, Аџарија на запад. Тука има и големи наоѓалишта на гас. ДемографијаСпоред пописот од 2014 етничките Ерменци, се мнозинство во регионот со 50.5% од вкупното население. Останатите се претежно Грузијци 48.3%.[4] Религијата која 96% доминира е христијанството, од кои ерменците се припадници на самостојната Ерменска Апостолска Црква 39.95%, а грузијците на Грузиската Православна Црква 45.24%.[5] Туристички атракцииНајголема туристичка атракција во овој регион е областа Варѕија која датира од 8 век со пештерни цркви и манастири. Тие се наоѓаат во близина на градот Аспинѕа. Белешки
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia