Сапунче
![]() Сапунче (науч. Saponaria officinalis) — често повеќегодишно растение од семејството каранфили (Caryophyllaceae). Ова растение има многу вообичаени имиња, како што е обичен сапун, сапуница и други.[2] Има вкупно околу 20 видови. Ова растение расте низ Европа и во Азија, како и во западен Сибир, на ладни места при ниски или умерени височини под огради и покрај патиштата. Може да се најде во поголем дел од Северна Америка. ОписРастението има лиснато стебло (честопати со црвена боја). Достигнува висина од 70 см. Широките листови се спротивни и долги меѓу 4 и 12 см. Неговите слатко миризливи цветови се радијално симетрични и розови, или понекогаш и бели. Секој од петте рамни ливчиња има две мали скали во грлото на королата. Тие се околу 2,5 см широки, и се распоредени во густи, терминални јата на главното стебло и гранките. Долгата тубуларна чашка има пет зашилени црвени заби. ![]() Поединечните цветови се отвораат во вечерните часови, и остануваат отворени околу три дена.[3] Тие произведуваат посилен мирис во текот на ноќта и го надополнуваат производството на нектар во текот на ноќта. Во втората ноќ на цветањето, поленот се ослободува, а стигмата се развива до својата крајна позиција до третата вечер. Голем дел од производството на семе доаѓа од само-опрашување. Цветовите ги посетуваат разни инсекти, вклучително бумбари и муви. Во северната полутопка Сапунче цвета од мај до септември, а во јужната полутопка од октомври до март. УпотребаКако што подразбира неговото име, може да се користи како многу нежен сапун, обично во разреден раствор. Низ историјата се користело за чистење на деликатни или уникатни текстили, особено волнени ткаенини,[4] а се претпоставува дека ова растение се користело за третирање на Торинското платно.[5] Течност која ги раствора мастите или маснотиите, може да се направи со вриење на лисјата или корените во вода. Листовите се сецкаат, варат, а течноста потоа може да се користи како сапун.[6] Предозирање може да предизвика гадење, дијареја и повраќање.[7] И покрај тоа што е отровно, растението се користи во кулинарството како емулгатор при комерцијална подготовка на тахини[8] и при подготовка на пиво. На Блискиот Исток, коренот често се користи како додаток при процесот на правење алва. Сапунчето се користи за стабилизирање на маслата во смесата и за создавање на карактеристичната текстура на алвата. Хемиски составS. officinalis содржи флавон сапонарин. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia