Сарај (Лагадинско)
Сарај или Сколари (грчки: Σχολάρι, Сколари) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 42 километри западно од Ставрос и 38 километри источно од Солун, во подножјето на Богданска Планина (Кердилија) помеѓу Лагадинско Езеро и Бешичко Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 95 метри. Сколари опфаќа површина од 16 квадратни километри.[2]. ИсторијаОтоманско ЦарствоВо XIX век селото било турско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 250 жители Турци[3][4]. ГрцијаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година во селото живееле 97 жители[5]. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, муслиманското население било принудено да го напушти селото, додека на негово место биле населени грчки бегалци од Анадолија. Во 1927 година селото било преименувано во Сколари. ДемографијаВо 1928 година селото било чисто бегалско со 95 жители бегалци и со население од 380 луѓе[6], додека во 1940 година селото броело 449 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 617 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 607 жители, во 1971 година имало 518 жители, во 1981 година имало 419 жители, додека во 1991 година имало 478 жители[7] а во 2001 имало 1860 жители[8]. Денеска, населението на селото е 469 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia