Сарај (турцизам)

Ресенскиот сарај

Сарај (турски: saray од персиски: seray) — резиденција на султанот или раскошна куќа на турски големец[1]. На почетокот зборот се користел за секоја поголема градба. Во Отоманското Царство сараи биле палатите на владетелите и великодостојниците, царски, везирски или пашини дворови (така на пр. Сараево го добило името по беговиот двор). Резиденцијата на султанот во Истанбул на Босфор, на ртот меѓу Мраморното Море и Златниот Рог, се вика Сарај-буруни. Во поширока смисла на зборот „сарај“ ја означува не само султановата палата туку и целата послуга, свита и стражи, а особено харемот.

За време на патот на свилата, како одморалишта за трговските каравани служеле карвансараите.

Сарај во уметноста

Во македонските народни песни „сарај“ е присутен во многу песни:

  • Благуно дејче, пожаранче - Благуно дејче, мори, пожаранче;/Ќе продадам сарај куќа/Само да те земам јас.
  • Абер иде од Могила - Ај од тука Димче Могилче/ај од тука куче каурско,/жената ќе ти ја украдам/далеку ќе ја однесам/во сарај ќе ја потурчам.
  • Димчета аскер го писале - Право ми тргна на сарај/на сарај кај Шаин-бега/аман, аман/на сарај кај Шаин-бега.

Поврзано

Наводи

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya