Главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“Скица на технолошко – индустриската развојна зона „Тетово“ крај селотоПодрачното ОУ „Братство Миѓени“Куќа во селото
Сараќино се наоѓа во Полошката Котлина на само 7 км до Тетово и на само 1 км од коридорот 8. Опколено е со двете реки Вардар и Пена. Селото лежи на една од најплодните почви во Полог. Попознати топоними се: Чаир, Котар, Гечоо, Чешма, Леска, Милеа Бавча, Старо Сараќино, Јела, Студена Вода, Рупа, Две врби, Долгна Нива, Прекача, Шаторче, Тумба, Круша, Црница, Дабчиња, Слогои, Горна Режика, Гуштероо, Малки Јазики, Огради, Река, Муграч, Ѓуше, Горни Орман, Долно Вардариште, Река Бистрица, Бучалиште, Три Даба, Чуше, Лозје, Карпа (Вардариште), Орман, Стара Река, Ливадче, Состав и др.
Историја
Сараќино е село од збиен тип. Куќите се груширани во 4 маала, кои се наречени по потеклото на жителите - Бежаноско, Моравчанско, Трајческо и Мамикомадовско маало. Во пишаните извори Сараќино се споменува во 1461 или 1462 година. Споменот се наоѓа во една пресуда на некој кадија, со кој е потврден вакуфот на Мехмед-Бег месџидот, имаретот и амамот, кои биле во Теке маалото во Тетово. Во наведената пресуда стои дека ливадите и нивите на Мехмед-бег, кои биле во некогашното село Трмчиште[2], се граничеле со атарите на Сараќино и Фалише. Потоа се споменива и некоја ливада во Сараќино со големина од 45 плугови[3]. Вториот помен на Сараќино датира од 1470 година, кога Ќебир-бег на своите синови им увакуфил ниви кои ги купил од Сараќинци.[4]
Првобитно селото се наоѓало северно од денешната положба (на околу 1,5 км) во месноста денес нарекувана Старо Сараќино или Старо Сараќинце. Според преданијата тоа население било чисто македонско. Подоцна населбата била уништена. Остатоците од таа населба се висниви и денес во вид на стари ѕидови и керамика. Подоцна населбата се префрлена на денешната положба.
Заради богатството во зиратно земјиште, Сараќино уште во времето на Османлиското Царство било чифлик. Најпознати сопственици на чифликот се тие од познатиот тетовски тод Абдурахман-паша, како Мемед-паша, Џафер-паша, Акид-паша и Есад-паша. Мемед и Џафер-паша повеќето од живото го поминувале во Цариград, додека Акид-паша живеел во Желино и Тетово. Есад-паша кој живеел во Сараќино имал многу несилнички однос кон жителите на селото. Тој дури и на најголемите христијански празници ги повикувал Македонците да му работаат на нивите. До 1912 година само мал дел од жителите на Сараќино ги откупиле нивите. Другиот, поголемиот дел им бил доделен од страна на државната власт и тоа после Балканските и Првата светска војна. Сопствениците на чифликот радо им ја продавале земјата или во голем број на случаи и бесплатно им ја доделувале на Албанци од соседните села.
Стопанство
Сараќино денес претставува модерна селска населба со развиоено сточарство и земјоделство. Во атарот на селото се наоѓа Тетовската слободна економска зона со вкупна површина од 94.74 ха[5], која во првата фаза е планирано да се изградат 25 до 30 индустриски објекти во кои се предвидува да се отворат до 7.000 работни места. Се предвидува зоната со целата инфраструктура да чини околу 300 милиони евра.[6]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
379
—
1953
559
+47.5%
1961
542
−3.0%
1971
534
−1.5%
1981
921
+72.5%
Година
Нас.
±%
1991
766
−16.8%
1994
955
+24.7%
2002
1.087
+13.8%
2021
1.153
+6.1%
На почетокот на XX век според статистиката на Васил К’нчов од 1900 година 'Саракинци' — село, населено со 210 жители Македонцихристијани.[7] Целото население на селото било под водство на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година в Саракинци имало 80 Македонци.[8]
Според пописот од 2002 година селото има 1 087 жители.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.153 жители, од кои 791 Македонец, 277 Албанци, 8 Роми, 2 Срби, 4 останати и 71 лице без податоци.[12]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[13]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
б.п.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
379
1953
506
—
—
19
—
34
—
—
—
559
1961
532
—
—
—
—
7
—
3
—
542
1971
483
35
—
2
—
12
—
2
—
534
1981
726
166
—
12
—
14
—
3
—
921
1991
745
6
—
2
—
10
—
3
—
766
1994
765
182
—
—
—
7
—
1
—
955
2002
873
199
—
5
—
7
—
3
—
1.087
2021
791
277
—
8
—
2
—
4
71
1.153
Родови
Сараќино е македонско село.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
Мамикомадовци (4 к.) доселени се од сега албанското село Лисец, го знаат следното родословие: Ристе (жив на 73 г. во 1940-тите) Божин-Димитрија-Симун-Маринко, кој се доселил. Имаат иселеници во Челопек и во Долно Седларце
Велешани (3 к.) стари доселеници, доселени се од Велешко. Имаат иселеници во Фалише.
Коштањарци (6 к.) стари доселеници со непозната старина. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Романија (едно семејство).
Трлевци (5 к.) доселени се од селото Жеровјане, го знаат следното родословие: Максим (жив на 70 г. во 1940-тите) Трајче-Дафил-Трпче, основачот на родот.
Мишковци (2 к.) доселени се од Кумановско, го знаат следното родословие: Тоде (жив на 41 г. во 1940-тите) Јоше-Мишо, основачот на родот. Имаат иселеници во Долна Лешница
Илиовци (3 к.) доселени се од селото Вратница, го знаат следното родословие: Ѓеро (жив на 60 г. во 1940-тите) Томе-Илија.
Ристовци (3 к.) доселени се во 1909 година од селото Клокот во Горна Морава.
Шкодреановци (3 к.), Алекса (1 к.), Гниланчани или Станојовци (2 к.) и Столевци (1 к.) доселени се од Витина и Слатина кај Гнилане. Од Шкодреановци има иселеници во Тетово (едно семејство). И од Столевци има иселеници во Тетово (едно семејство).
Андрија (2 к.) доселени се во 1915 година од селото Лазарополе.
Илијевци (1 к.) доселени се во 1915 година од селото Теново, таму биле староседелци. Имаат иселеници во Скопје (две семејства).
Коста (1 к.) доселени од селото Добрча кај Гнилане, најпрво во Прељубиште па овде во 1919 година.
Трипун (1 к.) доселен од некаде од Србија во 1924 година.
↑Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.122-123.
↑Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.