Сасуоло
Сасуоло — индустриски центар во регионот Емилија-Ромања во Италија. Градот се наоѓа на десниот брег на реката Секија околу 17 километри јужно-западно од Модена. ИсторијаПрвото историско споменување на градот датира од 980 година. Во 1078 конзулите на Сасуоло се заколнале на лојалност кон комуната на Модена. Во 1373 градот бил предаден на семејството Есте по барање на самите граѓани, кои добиле право да вадат вода од реката Секија. Градот е поседуван од Војводството Модена до 19 век. Познати личности
СпортСасуоло е родниот град на Серија А тимот Сасуоло Калчо, а тоа, исто така, го вклучува и стадионот Енцо Ричи. Волеј Сасуоло е локален одбојкарски тим.[1] Меморијал Арго Манфредини е тениски турнир кој се играл во градот, во рамките на челенџер серијата. Последен победник бил Фредерико Жил од Португалија. Надворешни врскиНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia