Саша Станишиќ![]() Саша Станишиќ ([ ]; * 7 Март 1978 година во Вишеград,Југославија) е германски писател по потекло од Босна и Херцеговина. Добитник е на наградата за Саемот на книгата во Лајпциг и на Германската награда за книга (Потекл), 2021 година). ЖивотописСаша Станичиќ е роден во 1978 година во Вишеград, мало гратче во источна Босна, од мајка бошњачка и татко србин. По окупацијата на Вишеград од страна на босанско-српските трупи како дел од Босанската војна, со својата мајка во 1992 како бегалци заминуваат во Хајделберг,. Мајка му работела во пералница а татко му како градежен работник; Во 1998 година, родителите емигрирале во САД .[1] Станишиќ живеел во областа Хајделберг во Емертсгрунд и го посетувал Меѓународното средно училиште во Хајделберг, каде што неговиот литературен талент го открива и поттикнува неговиот учител по германски јазик и по подготвителната настава се префрлил во гимназијата. По завршувањето на средното училиште (1997) студирал германски јазик како странски јазик и славистика на Универзитетот во Хајделберг . За време на студиите пишувал литературни текстови.[2] Во 2004 година Станишиќ ја добива наградата Волф Хас за својата магистерска работа на Универзитетот во Хајделберг. Во зимскиот семестар 2004/2005 година почнува студии на Германскиот институт за литература во Лајпциг . Во 2005 година бил кандидат за наградата Ингеборг Бахман.[3] Во 2006 година, Станишиќ дебитира со романот Како војникот го поправа грамофонот“ . Во полуавтобиографската приказна, сместена во заднина на Босанската војна, авторот го прикажува младиот Босанец Александар од Вишеград, кој заедно со своите родители бега во Германија и се засолнува во светот на приказните и спомените во неговиот нов дом. Фондацијата Роберт Бош му обезбедила на авторот истражувачка стипендија.[4] Првиот роман на Станишиќ имаше огромен успех кај читателите и критичарите и беше преведен на триесетина јазици.[5] Романот влезе во потесниот избор на Германската награда за книга во 2006 година и ја доби литературната награда на градот Бремен во 2007 година. Покрај тоа, романот беше адаптиран како радио-драма од Баварското радио во истата година и беше номиниран за германската награда за аудио книга во 2007 година. 2008 Станишиќ беше награден со Аделберт фон Шамисо награда. Во 2006/2007 Станишиќ беше писател во резиденција во Грац . Во 2008 година, Шаушпиелхаус Грац ја донесе на сцена драматизираната верзија на „ Како војникот го поправа грамофонот“. Првата претстава на Станишиќ, Go West, беше премиерно прикажана во март 2008 година. ![]() Исто така во 2019 за автобиографскиот роман за Потекло ја доби Германската награда за книга. Жирито го пофали Станишиќ како имагинативен и духовит раскажувач: „Под секоја реченица на овој роман стои недостапноста на потеклото, што е истовремено движечка сила зад наративот [...] Со многу духовитост, тој им одговара на наративите на фалсификаторите на историјата со своите приказни. „ [6] Во говорот за прием, Станишиќ го критикуваше доделувањето на Нобеловата награда за литература на Питер Хандке . Меѓу другото, тој рече: „Имав среќа да избегам од она што Питер Хандке не го опишува во неговите текстови“. Австрискиот автор повеќепати застануваше на страната на Србите во врска со југословенските војни.[7] Станишиќ од 2015 година е член на Слободната академија на уметностите во Хамбург.[8] Тој е исто така член на германскиот ПЕН центар . Саша Станишиќ е татко на еден син и живее со семејството во Хамбург-Алтона. од 2013 година Станичиќ е германски државјанин.[1] Наслови
|
Portal di Ensiklopedia Dunia