Света Марина
Светата маченичка Марина (кај народот позната како Огнена Марија) е ранохристијанска светица. Меѓу католиците е позната како Света Маргарита. Живот![]() Света Марина е родена во Антиохија, Писидиска, од родители незнабожци. Дури во својата дванаесетта година слушнала за Господ Исус Христос, дека се воплоти од Пречистата Дева, дека изврши многу чуда, прими крсна смрт и славно воскресна. Таа се заветувала дека никогаш нема да се мажи и со сета душа сакала да пострада за Христа, да се крсти со крв на мачеништво. Татко ѝ ја замразил заради нејзината вера и не ја сметал за ќерка. Кога царскиот намесник Олимвриј дознал дека е христијанка, побарал од неа да му биде жена, а кога го одбила ѝ наредил да им се поклони на идолите, при што таа повторно одбила. Тогаш Олимвриј ја подложил на маки и ја фрлил в затвор. Во затворот ѝ се јавил најпрво ѓаволот како страшна змија и ѝ се намоткал околу главата. Но, штом светителката се прекрстила, змијата се распукнала и исчезнала. Другиот ден безумниот судија ја мачел во оган и во вода, но Марина сè претрпела. Најпосле била осудена на смрт со меч. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia