Во минатото, поимот „Светигеоргиев Проток“ се користел како истоветен на поимите „Ирско Море“ и „Ирски Проток“, опфаќајќи ги сите водни површини помеѓу Ирска на запад и Велика Британија на исток.[3][4] Некои географи подоцна почнале така да го нарекуваат делот кој ги дели Велс и Ленстер во Ирска,[3][4] понекогаш подразбирајќи ги и водите на југ помеѓу Западниот Крај во Англија и источен Манстер во Ирска;[4] ова подрачје денес е познато како Келтско Море. Во Република Ирска, под Светигеоргиевиот Проток обично се подразбира само најтесниот дел, помеѓу ’ртот Карнсор во Вексфорд и ’ртот Св. Давид во Пембрукшир, иако пошироката смисла е задржана во секојдневна употреба.[5]
Името „Светигеоргиев Проток“ е посведочено во 1578 г.[9] во дневникот на морепловецот Мартин Форбишер. Се смета дека доаѓа од легендата за патувањето на Свети Георги, кој дошол во Британија од Византија приоѓајќи преку протокот кој денес е наречен по него.[10] Името добило на популарност со англиската колонизација на Ирска во XVI и XVIII век.[3]
↑„Corrections to pages 12 and 13“(PDF). Limits of Oceans and Seas, 3rd edition(PDF)|format= бара |url= (help). International Hydrographic Organization. 1953. Архивирано од изворникот(PDF) на 2011-10-08. Посетено на 18 септември 2010.