Свети Василиј Острошки

Василиј Острошки
Icon of Saint Basil of Ostrog
Bishop of Zahumlje and Herzegovina
Роден(а) 28 декември 1610, Mrkonjići, Herzegovina, Ottoman Empire
Починал(а) 29 април 1671(1671-04-29) (возр. 60), Ostrog Monastery
Почитуван(а) во Eastern Orthodox Church
Главно светилиште Ostrog Monastery
Слава 12 мај (O.S. 29 април)

Свети Василиј, со световно име Стојан Јовановиќ, е роден во 1610 година во селото Мркоњиќ, Попово Поле, во Херцеговина, во побожно христијанско семејство. Од мали нозе покажувал склоност кон духовниот живот. На 12-годишна возраст, неговата мајка Ана го одвела во манастирот Завала, каде што започнал да се образува и да се подготвува за монашки живот. Подоцна продолжил во манастирот Тврдош, каде што се замонашил и бил ракоположен за ѓакон, а потоа и за свештеник.

Поради својата ревност и духовна зрелост, Василиј бил испратен во Пеќската патријаршија, каде што станал близок со патријархот Пајсиј. Во 1638 година бил хиротонисан за епископ на Захумската епархија, со седиште во манастирот Тврдош. Подоцна, поради турските притисоци и тешките услови, се преселил во Острог, Црна Гора, каде што го поминал остатокот од животот.

Во Острог, Свети Василиј живеел аскетски, во пештера над манастирот, посветувајќи се на молитва, пост и служење на народот. Тој бил духовен водач, утешител и исцелител, помагајќи им на луѓето без разлика на нивната вера или потекло. Неговата добрина и чудотворна моќ привлекувале многу верници.

Свети Василиј е познат по многубројните чуда за време на животот и по неговото упокојување. Се верува дека лекувал болни, изгонувал демони и им помагал на оние во неволја. Умрел на 29 април (12 мај) 1671 година во манастирот Острог. Неговите мошти, кои се чуваат во манастирот, останале нетлени и се сметаат за чудотворни. До ден-денес, манастирот Острог е едно од најголемите поклонички места во православниот свет.

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya