Свети Петар (градба)
Свети Петар (француски: Saint-Pierre) ― бетонска градба во комуната Фирмини, Франција. Последното големо дело на Ле Корбизје, било започнато во 1973 година и завршено во 2006 година, четириесет и една година по неговата смрт. ИсторијаДизајнирана да биде црква во примерот на град - Фирмини Верт, изградбата на Свети Петар започнала во 1971 година, шест години по смртта на Ле Корбизје во 1965 година. Поради месните политички судири, таа била во застој од 1975 до 2003 година, кога месната власт ја прогласила урнатината на калапен бетон за „архитектонско наследство“ и го финансирала нејзиното завршување. Градбата била довршена од францускиот архитект Жозе Убрери, долгогодишен ученик на Ле Корбизје.[1] Користена е за многу различни намени, како средно училиште и како засолниште. Бидејќи секуларната француска држава можеби нема да користи јавни средства за верски градби, Свети Петар сега е користена како културно здание. Влијание врз архитектуратаВо Светското истражување за архитектура од 2010 година, на списанието <i>Vanity Fair</i>, зградата била рангирана како втора во рангирањето на врвните структури изградени во дваесет и првиот век, добивајќи четири гласа. Деконструкцискиот архитект од Соединетите Држави, Питер Ајзенман во својот одговор тврдел дека оваа градба е најважната градба изградена по 1980 година.[2] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia