Светска акција „Исчисти го светот”

Светска акција „Исчисти го светот“ — една од најголемите еколошки кампањи во светот, која се одржува секоја година на третиот викенд во месец септември.

Историја

Првата кампања „Исчисти го светот“ била покрената во 1993 година и тој ден се одбележува и одржува секоја година на третиот викенд во септември. Како меѓународен проект за заштита на животната средина, тој има за цел да ги поттикне и поддржи групите и поединците да покажат грижа за животната средина преку заедничка акција.[1]

Филозофијата на Светската акција „Исчисти го светот“ се заснова на фактот дека секој може да направи нешто за подобар свет. Главната идеја е дека секој во својата околина може да направи мал чекор, чија големина е што ќе инспирира некој друг во нивната околина да го стори истото. Постојат бројни еколошки активности кои можат да се реализираат при организацијата на оваа акција, а заедничко на сите им е тоа што ја истакнуваат важноста од зачувување на животната средина, работат на подигање на еколошката свест кај сите нас и потенцираат дека доколку сите вложиме малку труд, можеме многу да придонесеме.[1]

Кампањата ги обединува групите во заедницата, училиштата, бизнисите и локалните самоуправи за заеднички да спроведуваат активности кои се занимаваат со локални еколошки прашања, а целта е да покаже дека заедничкото дејствување може многу да придонесе за почиста и поздрава животна средина.[2]

Глобалната кампања „Исчисти го светот“ ангажирала околу 35 милиони волонтери во 133 земји, што ја прави една од најголемите кампањи на заедницата на животната средина во светот.[3] Во 2020 година, 11 милиони луѓе ширум светот се обединиле за да ја исчистат планетата во еден ден.[4]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 „АКЦИЈА "ОЧИСТИМО СВЕТ!". danpodan.weebly.com. Посетено на 11. 6. 2024. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „CLEAN UP THE WORLD“. cleanuptheworld.org. Посетено на 11. 6. 2024. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „ABOUT CLEAN UP THE WORLD“. cleanuptheworld.org. Архивирано од изворникот на 16. 06. 2024. Посетено на 11. 6. 2024. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  4. Perez, Johanna (2021-09-16). „Како да се организира настан за Светскиот ден на чистење (18 септември) - TryEngineering.org Овозможено од IEEE“. TryEngineering.org Powered by IEEE. Посетено на 2025-01-09.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya