Светски ден на млекотоСветскиот ден на млекото — меѓународен ден воспоставен од Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) на Обединетите нации да ја препознаат важноста на млекото како светска храна.[1] Светскиот ден на млекото се слави на 1 јуни секоја година од 2001 година.[2] Целта на празникот е да се сврти вниманието на активностите поврзани со млекарството.[2] ИсторијаСветскиот ден на млекото првпат бил востановен од ФАО во 2001 година. Овој датум 1 јуни е избран за датум бидејќи многу држави веќе го прославувале Денот на млекото во тој период од годината.[2] Денот на млекото дава можност да се посвети вниманието на млекото и да се подигне свеста за улогата на млечните производи во здравата исхрана и одговорното производство на храна. Ова е извлечено од податоците на ФАО кои покажуваат дека млечниот сектор поддржува повеќе од една милијарда луѓе и нивните домаќинства, и дека повеќе од шест милијарди луѓе користат млекарници ширум светот.[3] Фактот што многу земји одлучиле да го сторат тоа во ист ден, им дава дополнителна важност на поединечните национални прослави и покажува дека млекото е глобална храна. Во 2016 година Светскиот ден на млекото бил прославен во над 40 земји. Активностите вклучувале маратони и семејни програми, демонстрации за молзење и посети на фарми, училишни активности, концерти, конференции и семинари, натпревари и серија настани кои се фокусирале на промовирање на вредноста на млекото и ја илустрирале важната улога што млечната индустрија ја игра во националната економија.[2] Во 2018 година имало 585 настани за Светскиот ден на млекото во 72 земји и 1,1 милијарда впечатоци на социјалните мрежи со тарабните ознаки #WorldMilkDay и #RaiseAGlass.[4] Ова претставува четирикратно зголемување во споредба со 2017 година. КонтроверзииИ покрај претежно позитивната реакција на Светскиот ден на млекото на глобално ниво, некои поединци се обидуваат да промовираат сопствена агенда против млекопроизводителите и дезинформации како што се „загриженоста поради неоснованите тврдења за здравјето на млечните производи, како и признавањето на злоупотреба на животните во млечната индустрија“. Ова вклучувало обид за 22 август да се прогласи „Светскиот ден на растителното млеко“,[5] кој имал важна карактеристика што тој ден не бил признат од ФАО, ниту од кое било административно или политичко тело. Движењето било промовирано со користење на тарабната ознака #WorldPlantMilkDay. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia