Светски трговски центар
Светскиот трговски центар (англ. World Trade Center) во Њујорк, САД бил комплекс од седум згради во долниот Менхетен, дизајнирани од архитектот Минору Јамасаки и инженерот Лесли Робертсон, а изграден од Пристанишните власти на Њујорк и Њу Џерси кои го поседувале земјиштето. Изградбата започнала во 1966, а целосно завршила на 4 април 1973. Најдобро е познат по двете 110-катни кули-близначки високи по 417м (со антената на северната кула 526,3м). Терасата на врвот на јужната кула и ресторанот на северната кула нуделе спектакуларна глетка на Менхетен и околината. Комплексот, со вкупна површина од 1,24 милиони м² деловен простор, сместен во срцето на финансискиот кварт на Менхетен бил израз и одраз на престижот на американската финансиска индустрија. Во вообичаен работен ден, во кулите работеле 50.000 луѓе и уште околу 200.000 поминувале како посетители. Комплексот дури имал и сопствен поштенски број - 10048. Терористички нападиПоради својата симболика, Светскиот трговски центар бил мета на непријателите на САД. Во 1993. група исламски терористи предводени од Рамзи Јусеф со автомобил-бомба[1] се обиделе да ја соборат северната кула во јужната и така што ги урнат двете.[2][3] Планот не им успеал бидејќи експлозијата не ја урнала северната кула, но направила големо оштетување при што загинале 6, а биле повредени над 1000 лица. Утрото на 11 септември 2001. терористи на Ал-Каеда[4], управувајќи со 2 претходно грабнати авиони од типот Боинг 767, се удриле во кулите во временско растојание од 16 минути. Како резултат на пожарот што настанал од авионското гориво, дошло до структурни оштетувања на кулите. Од седумте згради од комплексот на Светскиот трговски центар, кулите, а по нив и уште две други се урнале, а другите три биле непоправливо оштетени од уривањето. Загинале 2.998 луѓе, 19 терористи, а биле повредени повеќе од 6.291. Видете и:Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia