Светско првенство во атлетика 2009
12. Светско првенство во атлетика (германски: 12. IAAF Leichtathletik WM Berlin 2009) било одржано во Берлин, Германија од 15-23 август. Поголемиот дел од натпреварите се одржале на Олимпискиот стадион, додека маратонот и трките во брзо одење започнале и завршиле пред Бранденбуршката порта. ОрагнизацијаИзборБерлин бил избран како организатор на ова првенство на 6 декември 2009, победувајќи ги кандидатурите на Сплит (Хрватска), Валенсија (Шпанија), Бризбејн (Австралија), Брисел (Белгија), Делхи (Индија), Казабланка (Мароко) и Тегу (Јужна Кореја).[1] Градот Берлин и Германската Атлетска Асоцијација биле одговорни за организацијата на ова првенство. Комитетот за Организација Берлин 2009, корпорација создадена од DLV во 2005, ќе ја надгледувала организацијата на натпреварувањето.[2] ФинансииПоради добро организираните Светско првенство 1974 и Светско првенство 2006 во фудбал како и Светското првенство во атлетика 1993 и олимписките игри 1936 и 1972, претседателот на Меѓународната Асоцијација на Атлетски Федерации Ламин Диак бил уверен дека првенството ќе биде добро организирано. Организаторите на првенството објавиле буџет од 49,5 милиони евра за организирање на настанот, вклучувајќи ги и трошоците за патувањето и сместувањето на сите спортисти. Приходите изнесувале 17 милиони евра од продажба на билетите и 7 милиони евра од маркетингот. Градот Берлин покрил дефицит од 20 милиони евра. ![]() Генерално, настанот бил економски успешен за главниот град на Германија. Во периодот од 9 дена, биле продадени вкупно 417,156 билети, а се проценува дека посетителите потрошиле во градот околу 120 милиони евра. Како резултат на тоа, градоначалникот на Берлин, Клаус Воверајт изјавил дека градот ќе размисли за организирање на друг настан во иднина, како на пример Европското првенство во атлетика 2016. Стадион![]() Првенството се одржало на Олимпискиот Стадион во Берлин, кој е со капацитет од 74,845 седишта, кои бил реновиран со 242 милиони евра за Светско првенство во фудбал 2006. Маратонски трки како и трките во брзо одење, својот старт и цел го имале кај Бранденбуршката Порта, а трките се одвивале по познатиот булевар на липите, Парискиот плоштад, како и низ другите знаменитости во градот. Се проценува дека биле продадени околу 400,000 билети за првенството. Награда од 100.000 американски долари била доделена на секој спортист што успеал да собори светски рекорд на првенството. РезултатиМажиПатека* Натпреварувачи кои се натпреварувале во преелиминациите и добиле медал. Поле
ЖениПатека* Натпреварувачки кои се натпреварувале во преелиминациите и добиле медал. Поле
Табела на медалиДомаќин (Германија)
Сите информации преземени од мрежното место на ИААФ.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia