Себастијано Роси
Себастијано Роси (роден на 20 јули 1964 година, во Чезена) — италијански поранешен фудбалер, кој играл на позицијата голман. Како стандарен првотимец на голот на Милан во првата половина на 1990-тите, тој со миланскиот клуб освоил бројни титули вклучувајќи пет скудета (1991-1992, 1992-1993, 1993-1994, 1995-1996, 1998-1999), три Суперкупа на Италија (1992, 1993, 1994), еден Интерконтинентален куп (1990), два Суперкупа на УЕФА (1990, 1994) и еден наслов во Лигата на шампионите (1993-1994). Од 1994 до 2016 година, тој го држел апсолутниот рекорд за најмногу минути без примен гол во Серија А во ерата на една група.[1] Тој, исто така, важел за еден од најдобрите италијански голмани на својата генерација, и бил вклучен во рангирањето на IFFHS каде го зазел 45-тото место на најдобрите голмани во периодот 1987-2011 година.[2] И покрај богатата ризница на освоени трофеи, тој никогаш не го облекол дресот на италијанската репрезентација, и покрај тоа што добил два повика во 1994 година. Титули
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia