Северен Андамански Остров
Северниот Андамански Остров е северен остров на Големата Андаманска островска група од Андаманските Острови. Тој ѝ припаѓа на административната зона на Северниот и Средниот Андамански Остров и е дел од индиската територија на Андаманските и Никобарските Острови. Островот се наоѓа на 137 км оддалеченост од Порт Блер. ГеографијаОстровот ѝ припаѓа на Големата Андаманска островска група и се наоѓа северно од Средниот Андамански Остров. Околу него се наоѓаат многу мали островчиња. Главен град на островот е Диглипур. Островот порано бил населен од домородното население Големи Андаманци, кои денес повеќе ги нема,[6] така да денешното население се мигранти од Индија и нивните потомци.[7] На овој остров се наоѓа највисокиот врв на целиот Андамански Архипелаг, Седл пик, со 731 метри надморска височина.[8][9] Северниот Андамански Остров често е погодуван од силни земјотреси, а во 2004 година тој беше поплавен од цунамито предизвикано од земјотресот во Индискиот Океан.[10] АдминистрацијаОстровот е под административно управување од Диглипур. СообраќајПостои мало пристаниште кај Дургапур, кое е шест километри северно од главниот град Диглипур, а има редовна линија од Порт Блер. ЕкономијаСеверниот Андамански Остров е познат по морскиот екосистем, а на островот главното стопанство е одгледувањето на ориз и портокали. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia