Северна Западна Померанија (германски: Nordvorpommern) — поранешен округ во северниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Округот бил создаден во 1994 со спојување на претходните три окрузи Гримен, Рибниц-Дамгартен и Штралзунд. На 4 септември 2011 бил припоен кон новосоздадениот округ Западна Померанија-Риген.
Се наоѓал на брегот на Балтичкото Море, каде целосно го опкружувал градот Штралзунд. Кон североисток, одвоен од Штралзунд и Северна Западна Померанија од Штрелазунд, се наоѓал островот Риген, административно дел од истоимениот округ. Други соседни окрузи биле (од исток надесно) Источна Западна Померанија, Демин, Гистров и Бад Доберан.
Географија
Брегот е карактеризиран од продолжениот полуостров, Фишланд-Дарс-Цингст. Помеѓу полуостровот и копното постои многу плитка лагуна, која е дел од Националниот парк Западнопомерански лагуни, како и целиот полуостров.
Историја
Низ вековите, областа била најзападниот дел на Померанија. До 1819 била шведска територија, потоа пруска територија, по што била наречена Нова Западна Померанија (Neuvorpommern).
Грб
|
Грбот прикажува два грифона. Златниот грифон на лево е симбол на принцовите од Росток. Црниот грифон на десно потекнува од грбот на Померанија, кој сепак користел црвен грифон како нивен симбол. Територијата на округот била владеена од померанските војводи, кои користеле црн грифон.
Грбот бил донесен на 3 декември 1997.
|
Градови и општини
Надворешни врски
|
---|
| Урбани окрузи | | |
---|
| Рурални окрузи | |
---|
|
54°10′N 12°50′E / 54.17°N 12.83°E / 54.17; 12.83