Селечка Река
Селечка Река — река која потекнува од селото Селце, по кое и го добила своето име. Реката се наоѓа во малореканскиот крај, западна Македонија. Се влева во Тресонечка Река, која подоцна заедно со Гарска Река, ја создаваат Мала Река, збирно име за сите реки од подрачјето на планините Бистра и Стогово, која подоцна се влева во реката Радика (Голема Река). Извор![]() Реката извира на самото сретсело во селото Селце. Нејзиниот извор е уреден, а покрај него се наоѓа и самата селска чешма. Воден потенцијалРеката отсекогаш изобилува со воден потенцијал, кој бил искористуван на различни начини, тргнувајќи од големиот број на воденици и валавница на самата река изградени во селото Селце. Покрај тоа, реката е планирано да биде дел од идниот хидросистем „Бошков мост“, кој се предвидува да биде изграден во овој крај, за што била изработена и соодветна студија од страна на Електрани на Македонија.[2] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia