Селмин Сакири-Сакировски
Селмин Сакири (Selmin Sakiri) (роден на 17 ноември 1995 година во Нојнкирхен, Австрија) е австриско-македонски рударски инженер (маркшејдер), истражувач и автор. ЖивотописСелмин Сакири е роден и израснат во Австрија, додека неговите родители потекнуваат од селото Жировница во Македонија.[1] Средното образование го завршил во Висока техничка школа во Винер Нојштат, во насока машинство. Високото образование го продолжил на Рударскиот универзитет во Леобен, каде што дипломирал на студиите по ресурно инженерство. Магистратурата ја завршил во областа на тунелско и рударско инженерство, исто така во Леобен. Понатаму, магистерски студии по геоматика и геодетски мерења завршил на Техничкиот универзитет во Фрајберг во Саксонија.[2] По завршувањето на студиите, Сакири професионално работи како рударски инженер во подземни и површински рудници. Покрај професионалната дејност, тој објавува значајни трудови во областа на рударска штета.[3] Во 2023 година е избран за член на стручниот комитет за маркшејдерство во состав на Рударската асоцијација на Австрија. Во 2025 година, Сакири одржал предавање на меѓународната конференција „Геотехнички предизвици во рударството“ во Вајдхофен ан дер Ибс, каде ја презентирал својата студија за употребата на LIDAR-технологијата во проценката на рударски штети.[4] Лични ставовиСелмин Сакири во своите дела ја објаснува својата македонска етничка припадност, истакнувајќи дека, и покрај носењето албанско презиме, неговото потекло е исклучиво македонско. Тој потекнува од род Корачевци (Korač) од Жировница, чие присуство е документирано уште во османлиските дефтери од 1467 година како еден од најстарите родови во селото.[1][5] Историскиот контекст на промената на презимето го поврзува со периодот на Втората светска војна, кога албанските окупаторски сили привремено го зазеле селото Жировница и ги промениле словенските презимиња во албански. Сепак, тој нагласува дека овие обиди за асимилација не биле успешни и дека македонскиот идентитет на неговото семејство и на селото останал непроменет.[1] Селмин Сакири е роднина со борецот на антифашистичката фронт на Македонија (НОБ) Реџеп Беадин Алуши, кој исто така потекнува од родот Корач.[6] Политичка активностПокрај академските и професионалните активности, Сакири бил политички активен. Служел како претседател на младинската народна партија (ÖVP) во округот Нојкирхен и бил член на покраинското раководство на младинската организација на Долна Австрија.[7][8][9] ДелаСелмин Сакири е автор на неколку книги и есеи кои ја истражуваат историјата, културата и идентитетот на регионот Река и пошироко:
Во оваа книга, Сакири ја прикажува хронолошката историја на селото Жировница и неговите жители, следејќи современи историски истражувања.[1]
Во овој есеј, Сакири ја нагласува важноста на правото на самоидентификација. Тој објаснува дека, иако етнички и културно нема значајни разлики помеѓу муслиманските Македонци и Торбешите, постоењето на различни термини создава две посебни категории кои бараат детално разграничување. Сакири ја почитува торбешката идентичност, но ја гледа како локално-религиозна подгрупа на македонскиот етнички континуум.[10] ВажностСелмин Сакири се смета за еден од пионерите кои ја направија историјата и културата на регионот Река достапна за пошироката јавност, особено преку дела напишани на германски јазик. Неговите придонеси во рударската наука и зачувувањето на македонското културно наследство во дијаспората се признаени и на меѓународно ниво. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia