Семејни интриги
Семејни интриги (португалски: Laços de Família) е бразилска теленовела на писателот Маноел Карлос снимена во 2000/2001 година. Во Македонија беше прикажувана на А1 телевизија. СинопсисПо една сообраќајна несреќа, која за среќа поминува без последици, се запознаваат Елена и Еду. И покрај разликата во години меѓу нив, тие почнуваат љубовна врска, која не ја одобрува семејството на Едуардо. За Еду е заинтересирана и ќерката на Елена, Камила, што доведува до конфликт меѓу нив две. Поради ова Елена ја прекинува врската. На полусестрата на Елена, Ирис, не ѝ се допаѓа тоа што Камила го презела Еду од Елена. Таа е заљубена во Педро, човекот кој се грижи за ранчот на Елена. Елена и Педро имале тајна љубовна врска кога биле млади, во време кога Елена била мажена за друг човек. Педро не знае дека тој е всушност таткото на Камила, а сѐ уште е тајно вљубен во Елена. По раскинувањето на врската со Еду, Елена стапува во врска со Мигел. Но, дознава дека нејзината ќерка е болна од леукемија и дека може да ја спаси само пресадување на коскена срж од компатибилен дарител. Поради ова таа му открива на Педро дека тој е таткото на Камила и решаваат да имаат уште едно дете со цел тоа да биде дарител за Камила. Занимливости
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia