Сем Клафлин
Семјуел Џорџ „Сем“ Клафлин (роден на 27 јуни 1986 г.) — англиски глумец. Тој е најдобро познат по улогите: Филип Свифт во Пиратите од Карибите: На чудни плими, Виник Одер во филмскиот серијал Игрите на гладните, Вилијам во Снежана и ловецот и Алекс Стјуарт во Со љубов, Роузи. Ран животКлафлин е роден во Ипсвич, Англија.[1] Неговиот татко, Марк, е финансиски менаџер, а неговата мајка, Сју Клафин е учителка. Тој има два постари браќа, Бенџамин и Даниел, и помлад брат, Џозеф, кој исто така е глумец.[2][3] Тој израснал во Норвич. Во детсвото, тој покажувал интерес кон фудбал. Тој играл фудбал сè додека не се здобил со скршеница на зглобот, повреда која го спречила да игра професионално. По убедување од своите родители и професорот кого го импресионирал во средношколска претстава, тој започнал да глуми.[1][4] Во 2003 година, тој се запишал на колеџот во Норвич,[4] а потоа го продолжил своето школување на Лондонската академија за музички и драмски уметности, на која дипломирал во 2009 година.[5] ФилмографијаФилм
Телевизија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia