Сенијад Ибричиќ
Сенијад Ибричиќ — босански фудбалер, играч од средниот ред на Вардар и на босанската репрезентација. Клупска кариераПочетоциКариерата ја започнал во екипата на Подгрмеч од Сански Мост во Босна и Херцеговина откаде во јануари 2004 како 18-годишник отишол на проби во Монако, меѓутоа, не успеал да се избори за потпишување на договор. Шест месеци подоцна, отишол на проби во Сплитски Хајдук. НК ЗагребВеднаш по пробите во Хајдук, отишол на уште една во НК Загреб, каде конечно потпишал договор, и тоа после само неколку одработени тренинзи. Дебитирал на 31 јули токму на Пољуд во победата на Загреб со 4-2 над Хајдук. Уште за време на својата прва сезона во Загреб станал еден од најдобрите играчи на клубот забележувајќи 26 натпревари во кој постигнал 3 гола. Во сличен стил продолжил сè до ноември 2006 и гостувањето кај Риека каде ги повредил предните вкрстени лигаменти, што го извадило од акција на 6 месеци. Сепак, тој се вратил во голем стил, и ја забележал својата најдобра сезона дотогаш. Во 31 настап постигнал 12 гола, а еднаш и 4 гола на еден натпревар против Меџимурје. По завршувањето на сезоната навивачите на клубот му доделуваат награда "Ponos purgera" за најдобар играч за сезоната. Пред почетокот на сезоната 2008-09 повторно бил на проби, овој пат во Динамо Киев. Сепак, иако стручниот штаб на украинскиот клуб била задоволна од прикажаното на играчот, заради несогласувања околу отштетата која ја побарал НК Загреб трансферот пропаднал. Хајдук СплитОткако не успеал трансферот во Украина повторно се јавил Хајдук, со желба да ја исправи грешката кој ја направил пред 4 години. Откако ја договориле отштетата од 1.5 милион €, Ибричиќ потпишал 5-годишен договор со Хајдук. Во август 2010 му е доделена и наградата Хајдучко срце која ја добиваат играчите на Хајдук кој на теренот покажале најголема борбеност. Локомотив МоскваНа 13 јануари 2011 потпишал за Локомотив Москва за сума од 5 милиона евра. Кариерата во ТурцијаНа 6 август 2012 година, Ибричиќ бил позајмен на турскиот Газиантепспор каде одиграл една полусезона во која забележал 13 настапи и постигнал 2 гола, а вториот дел од сезоната 2012-13 го поминал на заем во друга турска прволигашка екипа, Касимпаша. За Касимпаша одиграл 14 натпревари и постигнал 4 гола. По завршувањето на позајмицата се вратил во Локомотив Москва од каде бил продаден на турскиот Кајсери Ерџијеспор за 2 милиона евра. ВардарНа 10 февруари, 2015, потпишал за Вардар.[2] Своето деби го направил на 1 март, во победата со 3-0 на гостувањето против Силекс, влегувајќи на местото на Филип Стојановски во 57-мата минута од натпреварот. На 15 март, го постигнал првиот гол во дресот на Вардар, од пенал во 49-тата минута во победата со 2-0 на гостувањето кај Турново. Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia