Сеноти![]() Сеноти (шпански: cenote) е дупка исполнета со подземна вода опколена од карпи. Сенотите се типични за Јукатан, Мексико и во околните карипски острови. Името на сенотите доаѓа од називот на Маите за место каде е достапна свежа вода. Сенотите имале важна улога во религискиот живот на Маите и се верувало дека тие се преминот од материјалниот кон подземниот свет каде живееле богови, духови и натприродни суштества. Сенотите и МаитеПолуостровот Јукатан скоро и да нема реки и има малку езера. Сенотите се единствените извори на свежа вода на полуостровот. Главните мајански центри имале потреба од достапност до извор на свежа вода, и токму поради тоа големите градови, меѓу кои и Чичен Ица, биле градено до овие природни извори на вода. Некои од сенотите, како на промер Сенотата на жртвувањето, имале главна улога во религијата на Маите. Верувајќи дека сенотите се премин кон подземјето и задгробниот живот, Маите фрлале вредни артефакти во сенотите, но покрај овие вредни подароци Маите фрлале и човекови жртви најчесто млади момчиња и девојки како дар за Боговите. Познати сенотиМексико
Канада
САД
АвтралијаНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia