Сент Џорџ Џинџерланд
Сент Џорџ Џинџерланд (англиски: Saint George Gingerland) е парохија во југоисточните делови на островот Невис во државата Свети Кристофер и Невис. Според проценките за 2001 година, парохијата имала население од 2.500 жители. ГеографијаИмето „Џинџерланд“ на македонски би се превело како „земја на ѓумбир“ (ginger е англиски збор за ѓумбир, land е земја). Името е поврзано со одгледувањето на ѓумбир во оваа парохија во минатото. Административен центар на оваа парохија е Маркет Шоп, а покрај ова село во парохијата се наоѓаат и други села, како на пример Чикен Стоун, Зетландс и Зион. Оваа парохија е една од најнаселените во Невис бидејќи има плодна почва и поволна клима. Парохијата се наоѓа на заветрената страна на островот. Селата во оваа парохија имаат поладна клима бидејќи се на повисоко за разлика од крајбрежните населени места. Џинџерланд е главен снабдувач на свежо овошје и зеленчук за Невис. Фармите се мали и посевите се во зависност од потребите на населението. Покрај тоа, населението се занимава и со сточарство, првенствено одгледување овци, кози, прасиња, крави и коњи. Во крајбрежните предели значајна стопанска гранка е риболовството. За целокупната парохиска економија значајна улога игра и туризмот. Наводи
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia