Сен-Луј (остров)![]() Островот Сен-Луј е еден од двата природни острова на реката Сена, во Париз, Франција (другиот природен остров е Ил-де-ла-Сите, додека Островот на лебедите - Ил-де-Сињ е вештачки). Островот е наречен по кралот Луј IX од Франција (Кралот Свети Луј или на француски Сен Луј). Островот е поврзан со останатиот дел на Париз со мостови. Порано се користел како складиште сè додека не бил урбанизиран во 17-от век за време на владеењето на кралевите Анри IV и Луј XIII. Тој претставува мирна оаза среде бучниот париски центар. Има 2 автобуски станици и нема метро станица. Поголемиот дел е наменет за живеење, но има и неколку ресторани, продавници, кафулиња како и една голема црква, црквата Сен-Луј на островот. Мостови
Библиографија
ПоврзаноНадворешни врски
48°51′06″N 2°21′23″E / 48.85167°N 2.35639°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia