Сен Дени (Реинион)
Сен Дени (фр. Saint-Denis) — префектура (главен град) на францускиот прекуморски регион и департман Реинион, во Индискиот Океан. Се наоѓа на најсеверната точка на островот, близу устието на реката Сен Дени. Сен Дени е најнаселената општина во француските прекуморски департмани. Според пописот во 1999 г., градското подрачје броело 158.139 жители, од кое 131.557 во самиот град, а останатите во блиската општина Сент-Мари. ИсторијаСен Дени го основал Етјен Рењо во 1669, а во 1738 станува главен град на Сен Дени. СообраќајНајблискиот аеродром е Ролан Гарос кој воедно е главниот меѓународен аеродром на Реинион. Започнувајќи со 2008, во местото се гради посебен трамвајски воз кој ќе го поврзува градот со аеродромот, како и со блиското место Сен-Пол. Збратимени градовиАтракции
ХотелиМеѓу меѓународните хотели во Сен Дени се вбројуваат: Mercure Creolia Hotel, Austral Hotel и Best Western. ЗанимливостиВиетнамскиот принц Бао Ванг, син на царот Дуј Тан е роден и живее во Сен Дени со семејството. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia