Септемвриски погром
Истанбулскиот погром, исто така познат како Септемвриски погром (грчки: Σεπτεμβριανά Septemvriana) претставува огранизиран погром во градот Истанбул, насочен кон грчкото население на градот, кој се случил на 6 и 7 септември 1955 година. Конфликтот се смета дека започнал кога пристигнале гласините дека куќата во која живеел Кемал Ататурк во Солун била уништена од страна на грчките терористи. Во период од 9 часа, етничките Грци биле подложени на големи притисоци. Така, помеѓу 16 и 30 Грци биле убиени[1][3], како и најмалку еден Ерменец како последица од насилство. Помеѓу жртвите имало и двајца свештеници. 32 Грци биле тешко ранети. Покрај ова, околу десетина девојки од грчка националност биле силувани. Повеќе од илјада грчки куќи, училишта, цркви, хотели итн. биле уништени. Проценките за штетата се разликувале во зависност од изворот. Според турската влада, штетите изнесувале околу 69,5 милиони турски лири, според британските извори околу 100 милиони британски фунти, а според грчки околу 500 милиони долари. Немирите предизвикале брз процес на емиграција, а тоа довело до исчезнување на грчкото малцинство во Турција. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia