Сергеј Милинковиќ-Савиќ
Сергеј Милинковиќ-Савиќ (српска кирилица: Сергеј Милинковић-Савић; роден на 27 февруари 1995 година), познат како Сергеј, е српски фудбалер играч од средниот ред на Ал Хилал и на српската репрезентација. ЖивотописMилинковиќ-Савиќ е роден во Леида, Шпанија,[1] каде што неговиот татко Никола Милинковиќ,[2] играл професионален фудбал во Шпанија во тоа време. Неговата мајка, Милана Савиќ, е поранешна професионална кошракашка. Исто така, Милинковиќ-Савиќ е постар брат на Вања Милинковиќ-Савиќ.[3] Клупска кариераВојводинаМилинковиќ-Савиќ ја поминал младинската академија на Војводина. Тој бил еден од фудбалерите од средниот ред кои се појавиле во младински тим кој освоил две последователни национални титули во младинското првенство, заедно со Мијат Гационовиќ и Небојша Косовиќ. Како резултат на тоа, Милинковиќ-Савиќ го потпишал својот прв професионален договор со клубот на 26 декември 2012 година, на три години.[4] Милинковиќ- Савиќ своето деби го имал на гостински терен со поразот од 3–0 против Јагодина на 23 ноември 2013 година.[5] Својот прв гол го постигнал против Спартак Суботица на 9 март 2014 година. Вкупно, Милинковиќ-Савиќ настапи на 13 лигашки натпревари и постигнал три голови во сезоната 2013–14 во Српската Супер лига.Тој исто така и помогнал на Војводина да го освои Купот на Србија во истата сезона. ГенкВо јуни 2014 година, Милинковиќ-Савиќ потпишал пет-годишен договор со белгискиот клуб Генк и му бил даден дресот со број 20.[6] Тој го направи своето деби за клубот во 1-1 нерешениот натпревар со Серкл Бриж на 2 август 2014 година, додека својот прв гол за Генк 1-1 го постигнал против Локерен на 18 јануари 2015 година. Тој постигнал вкупно пет голови во 24 настапи во сезоната 2014-15 во белгиската Про лига. ЛациоНа 31 јули 2015 година, било најавено дека тој ќе се приклучи на Лацио.[7] Тој го направил своето деби за клубот во првиот натпревар од 2015-16 година во квалификациите за Лигата на Шампионите против Баер Леверкузен на 18 август 2015 година.[8] Милинковиќ-Савиќ го постигнал својот прв гол за Лацио во групната фаза во Лига Европа против екипата на Днепар Днипро на 17 септември 2015 година.[9] Тој го постигнал својот прв во Серија А во 3-1 гостинската победа над Фиорентина на 9 јануари 2016 година. Во текот на неговата деби сезона 2015-16 сезона, Милинковиќ-Савиќ настапил 35 пати и постигна три гола за Лацио во сите натпреварувања. Репрезентативна кариераМлади категорииМилинковиќ-Савиќ ја претставуваше младата селкеција на Србија под-19 години на УЕФА Европското првенство Под-19 години со освојувањето на златниот медал. Тој ги одигра сите 90 минути во четири од пет натпревари, вклучувајќи го и финалето на натпреварот против Франција.[10] Потоа, Милинковиќ-Савиќ се појави на УЕФА Евро-19 првенство во 2014 година, каде што неговиот тим беше елиминиран во полуфиналето од Португалија. Милинковиќ-Савиќ беше еден од највлијателните играчи на ФИФА Светското првенство за играчи до 20 годни, што се одржа на Нов Зеланд, каде што младата репреентацја на Србија победи на турнирот.[11] Тој бил награден со бронзен топка за неговите настапи за време на турнирот.[12] Сениорска репрезендтацијаВо октомври 2015 година, Милинковиќ-Савиќ го добил својот прв повик во репрезентацијата на Србија од страна на менаџерот Радован Чурчиќ за квалификациите за Евро 2016 против Албанија и Португалија.[13] Тој останал неискористена замена на двата натпревари. Во мај 2016 година, Милинковиќ-Савиќ бил избран од страна на новоименуваниот селектор Славољуб Муслин за пријателските натпревари против Кипар, Израел и Русија.[14] Сепак, откако не успеа да добие шанса за играње во првите два натпревари, Милинковиќ-Савиќ го напушти тимот во согласност со Муслин кој рече дека некои други играчи подобро се вклопуваат во неговиот тактички формат.[15] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia