Сергеј Рутенка
Сергеј Рутенка (белоруски: Сяргей Рутэнка; роден на 29 август 1981 во Минск) е белоруски ракометар, кој игра за клубот на Барселона и репрезентацијата на Белорусија. Играчка позицијаРутенка најчесто игра на позицијата на лев бек, иако понекогаш игра и како централен бек и кружен играч. КариераКлубови![]() Сијархеј Рутенка ја започнал ракометната кариера во екипата на Аркатрон Минск. Кратко потоа заминал во екипата на Велење и заиграл во словенечкото првенство. Во 2001 година, Сијархеј ѝ се приклучил на екипата на Цеље, со којашто го освоил словенечкото ракометно првенство во сезоните 2000-01, 2001-02, 2002-03, 2003-04, 2004-05; словенечкиот куп во сезоните 2001-02, 2002-03 и 2003-04 и Лигата на шампиони во ракомет во сезоната 2003-04. Со овие успеси и просечниот учинок од 7 погодоци по натпревар, во 2005 се преселил во шпанскиот прволигаш Сиудад Реал. Како член на овој клуб, тој го освоил шпанското ракометно првенство во сезоните 2005-06, 2006-07 и 2007-08; шпанскиот куп во сезоните 2005-06, 2007-08 и 2008-09 и Лигата на шампиони во сезоните 2005-06 и 2006-07. Во текот на сезоната 2006-07, постојано се мачел со повреди, па го принудил својот клуб да бара соодветна замена на неговата позиција. Летото 2009, Рутенка го напуштил клубот на Сиудад Реал и му се приклучил на клубот на Барселона.[3] Со екипата на Барселона тој го освоил домашното првенство во сезоните 2010-11, 2011-12, 2012-13 и 2013-14, како и Лигата на шампиони во сезоната 2010-11. На тој начин, заедно со Хосе Хавиер Омбрадос, Михаил Иванович Јакимович и Матео Гаралда, тој е единствениот ракометар кој успеал да ја освои Лигата на шампиони со три различни клуба. Во сезоната 2013-14, Рутенка го освоил Светското клупско првенство во ракомет, Ракометното првенство на Шпанија, Купот на Шпанија и Кралскиот ракометен куп. Во Лига на шампиони, со својот клуб остварил учество меѓу најдобрите четири. РепрезентацијаСијархеј Рутенка игра за репрезентацијата на Белорусија. Во 2004, тој добил словенечко државјанство и одиграл 56 натпревари за репрезентацијата на Словенија. Тој учествувал на Летните олимписки игри 2004 и на светското првенство во 2005, на коиешто бил четврт најдобар стрелец. На европското првенство во 2006 бил најдобар стрелец, а неговата репрезентација завршила на осмото место. Иако во текот на сезоната 2006-07 Рутенка се здобил со истегнување на мускулот во бедрото, лекарите успеале да го подготват за настап на светското првенство во 2007 во Германија. Сепак, тој целосно потфрлил на првенството и со репрезентацијата на Словенија го освоил разочарувачкото десетто место. Во јануари 2008, Рутенка добилшпанско државјанство.[4] Како последица на тоа, тој ја напуштил репрезентацијата на Словенија и не настапил на европското првенство во 2008 во Норвешка. Од октомври 2010, тој повторно поседува белоруско државјанство.[5] Со репрезентацијата на Белорусија, тој настапил на светското првенство во 2013 и европското првенство во 2014. Приватен животНеговиот помлад брат Ѕијанис (р. 1986) е исто така ракометар кој настапува за репрезентацијата за Белорусија. НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia