Сергеј (македонски партизан)![]() Сергеј (руски: Сергей) — непознат руски партизан и минер, жртва во битката за ослободувањето на Велес. За долго време воопшто немало документација за него. Во 2021 година велешкиот хроничар Љупчо Данов открил за неговите партизански дејства од претходно необјавени документи кој ги добил од ќерката на Јордан Лазаревски - Цвајот, еден од водачите на Осмата македонска ударна бригада. Љупчо Данов ги прикажал неговите истражувања во статијата „Кој бил русинот Сергеј, минер кој загинал при ослободувањето на Велес?“. Поради многу слабата документација, има можност дека Сергеј воопшто не постоел. Според Љупчо Данов, Сергеј е роден во Русија, за време на Втората светска војна тој бил заробен или од армијата на Третиот Рајх или од Бугарската војска. После бил интерниран во Царството Бугарија и затворен. Со доаѓањето на Татковинскиот фронт на власт тој бил пратен да учествува во ослободителната борба на Македонија. За време на ослободувањето на Велес тој загинал заедно со Јовче Ќучук. ЖивотописСпоред податоците од Љупчо Данов, Сергеј е роден во Советскиот сојуз, пред почетокот на Втората светска војна тој бил дел од Комунистичката партија на СССР и работел како минер. Кога се влошиле односите меѓу Адолф Хитлер и Јосиф Сталин Третиот Рајх ја воведиле т. н. Операција Барбароса. При воената операција СССР била редовно поразена и нејзините војници биле заробени. Според Данов, имало можност дека Сергеј бил заробен при воените битки. Не се знае дали бил заробен од војската на Третиот Рајх или од Бугарската армија но се знае дека бил интерниран во Царството Бугарија, најверојатно во Софија.[1] Во 1944 година Татковинскиот фронт организирало и предводило државен удар во кое ја укинале тогашната фашистичка власт на Бугарија. Со новата комунистичка влада мнозинството на заробени Руси биле ослободени. Според Љупчо Данов, како дел од соработката меѓу Комунистичката партија на Југославија и Македонија со Бугарската комунистичка партија, над 500 Руси биле пратени во Македонија да учествуваат во народната ослободителната борба. Сергеј доброволно бил пратен во месноста Зборско, Кожуф, дел од Тиквешкиот област. Таму тој бил приклучен во руска чета составена од 30 борци под склоп на првиот баталјон на Осмата македонска ударна бригада.[1] За командир на четата бил поставен Иван Борчуков, а за комесар бил назначен Митја или Митко Романов. Името на другите борци во четата се недокументирани, но Сергеј оставил силен впечаток кон Јордан Лазаревски, еден од главните водачи на бригадата. Поради тоа Лазаревски го спомнал Сергеј неколку пати во неговиот дневник. Според Данов, Лазаревски го опишал Сергеј како добар минер, висок со плави очи кој доволно го знаел македонскиот јазик за да комуницира со останатите борци. Според Лазаревски тој редовно го користел зборот „братја“ или браќа во кодифицираната форма. Поради неговата поволна комуникација тој имал можност да учествува во ослободувањето на Велес.[1] Во зората на 9 ноември 1944 година почнала борбата за народното ослободување на градот, Сергеј добил наредба да упати кон железничкиот мост на градот и да ги прекине електричните водови до минските полнења. Сергеј храбро без колебање се упатил кон мостот, тој бил првиот што стигнал до неговата дестинација. Но откако стигнал до мостот тој брзо бил ликвидиран од германската војска, во лице место загинал. Без знаејќи за неговата судбина, Јовче Ќучук се упатил кон мостот да му помогне со неговата мисија, но и Ќучук бил ликвидиран.[1] После војната неговите мошти биле сместени во црквата Св. Пантелејмон во заеднички гроб со Јовче Ќучук. Во ноември 1979 година неговите мошти биле преместени во велешката костурница каде што се наоѓаат и ден денес.[1] Љупчо Данов ветил во неговата статија дека ќе објавил повеќе податоци за Сергеј, но за жал 5 месеци после објавувањето на статијата Данов починал поради здраствени причини. Денес улогата и историјата на Сергеј е целосно заборавена. Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia