Сехемхетова пирамида
Сехемхетова пирамида е незавршена пирамида, идентификувана е како скалеста, откриена во Сакара, покрај Џосеровата пирамида, југозападно од Џосеровиот комплекс. Денес е прекриена со песочни дини, па затоа ја викаат уште и закопана пирамида. Отркина е во 1951 година од Захарије Гонеим. Припаѓала на фараонот Сехемхет, кој владеал после Џосер, се претпоставува во периодот од 2649. п.н.е. до 2643. п.н.е. или 2642. п.н.е. Откриени се само основата и скалите. Со предвид на дизајнот пирамидите, се претпоставува дека прочуениот архитект Имхотеп има удел во изградбата на овие пирамиди. Сехемхетовата пирамида нема шахт, по што се разликува од Џосеровата. Имала кос ходник кој претставувал развој на пристап на гробот, односно јужната гробница, мастаба чијашто ориентацијата е исток-запад. Откриени се и вазни и печати со името на фараонот. ПоврзаноНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia