Сечи докторе
Сечи докторе (англиски: Nip/Tuck) — американска серија, создадена од Рајан Марфи, која во Македонија почна да се прикажува во септември 2010, на А1 Телевизија. Серијата е фокусирана на болницата за пластична хирургија „Мекнамара/Трој“, и го следи животот на двајцата главни протагонисти докторите Шон Мекнамар (Дилан Волш) и Кристијан Трој (Џулијан Макман), кои се најдобри другари уште од факултет. Во секоја епизода се прикажани козметички промени на еден или повеќе пациенти, како и проблемите во приватниот и професионалниот живот на главните протагонисти. Во САД шоуто започнало со емитување во 2003 година, а шестата и последната сезона започнала на 14 октомври 2009, а завршила на 3 март 2010 со последната 100-та епизода од серијалот. Снимањето на првите 4 сезони се одвивало во Мајами, но сепак кон крајот на четвртата сезона снимачките терени биле релоцирани во Лос Анџелес и многу нови личности се појавиле. Шоуто доби 45 номинации за награда, со тоа што зеде Златен Глобус и Еми награда.[3] Критиките и контроверзиите често доаѓаа за темите кои преовладуваат во шоуто како насилство, сексуалност, употреба на дрога и хируршки процедури. Крајот на третата сезона стана најгледаниот програм во историјата на телевизијата FX. Создавачот на шоуто Рајан Марфи вели дека 90% медицинските случаи кои се прикажани во шоуто се засновани на факти.[4] ПриказнаСеријата го следи животот на двајцата пластични хирурзи од Флорида, докторот Шон Мекнамар (Дилан Волш) и докторот Кристијан Трој (Џулијан Макман), кои се најдобри другари уште од факултет и заедно ја основале клиниката за пластична хирургија „Мекнамара/Трој”. Со напорна работа клиниката станала една од најпрестижните во Мајами. Кристијан и Шон се со потполно различен поглед на животот. Шон е семеен човек, но се помалку задоволен од својот живот, како и својата сопруга Џулија (Џули Ричардсон), која одлучува да се врати на факултет, кој го има напуштено кога се омажила за Шон. Тој на работа бега од својот живот и од сопругата Џулија, бунтовниот син – тинејџер Мет и малата ќерка Ана. Додека пак Кристијан е арогантен женкар кој сака вино, жени, пари и секс. Ќе направи се за да го добие она што го сака (ќе лаже, мами, краде,...), а поради тоа не чувствува никаква грижа на совест. Наводи
Надворешни врски![]() Викицитат има збирка цитати поврзани со:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia