Сибила Алерамо![]() Сибила Алерамо (италијански: Sibilla Aleramo, родена како Марта Феличина Фачо, (14 август 1876, Александрија - 13 јануари 1960, Рим) — италијанска феминистичка писателка и поетеса, најпозната по нејзината Автобиографија во која пишувала за животот на жената кон крајот на 19 век во Италија[1]. Живот и кариераАлерамо била роден како Марта Феличина Фацио (а.к.а. „Рина“) во Алесандрија, Пиемонт а израснала во Милано. На 11 години, таа се преселила со семејството во Цивитанова Марче , каде нејзиниот татко бил назначен за директор на фабрика за стакло. Не можејќи да го продолжи своето образование надвор од основното училиште, Алерамо продолжила да студира самостојно. Додека била вработена во истата фабрика каде работела нејзиниот татко, била силувана од човек кој подоцна станал нејзин сопруг, бракот траел една година, од кој го имала својоето единствено дете Валтер[2]. Во 1906 година бил објавен нејзиниот прв роман, „Една Жена“, хроника за одлука на жената да го напушти нејзиниот брутален сопруг. Исто така, таа започнала да биде активна во политичките и уметничките кругови, особено кај футуристите. Во тие години, таа имала бројни љубовни афери. Во 1908 година, ,таа стапила во љубовна врска со „Лина“. Двете жени започнале врска, подоцна раскажана во романот „Премин“ ,1919. Во следните години Алерамо станала една од водечките феминистки во Италија. Во 1925 година го поддржала Манифестот на антифашистичките интелектуалци. Подоцна Алерамо многу патувала а бил активна во комунистичкото движење по Втората светска војна. Во 1948 година учествувала на Светскиот конгрес на интелектуалци за одбрана на мирот во Вроцлав[3]. Алерамо починала во Рим на 83-годишна возраст. НаследствоЖивотот на Алерамо бил значаен поради нејзината трагична траекторија како самостојна жена и уметник и како поединец која живеела низ различни историски случувања (Либерална Италија, фашизам, Втора светска војна, доаѓање на италијанската Република) и секогаш одржувајќи културни и политичка присутност. Нејзината лична преписка со Полети, во последниве години, се изучува заради нивниот отворен поглед за хомосексуалните односи. Поточно, првата книга на Алерамо, „Една жена“, се смета за класика на италијанската литература, а прв отворено феминистички роман напишана од италијански автор[4]. Избрани дела
НаводиБиблиографија
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia