Сибила Ерусалимска
Сибила Ерусалимска (околу 1160-1190) — грофица на Јафа и Аскалон од 1176 година и кралица на Ерусалим од 1186 година. ЖивотописСибила е ќерка на кралот Амалрик Ерусалимски и Агнес де Куртене. Откако дознал дека неговиот син Балдуин е болен од чума, Амалрик се обидел да и најде сопруг на Сибила што ќе го наследи на престолот во Ерусалим. Во 1180 година нејзината мајка Агнес ја омажила за Ги Лизињан, помладиот брат на нејзиниот љубовник Амалрик. Како мираз ги добила окрузите Јафа и Аскалон. По смртта на синот на Балдуин IV, Балдуин V, прашањето за наследување на круната било повторно отворено. Ерусалим и околината ја сакале Сибила за нивна кралица, но грофот Ремон III од Триполи бил регент на последната желба на Балдуин IV. Сибил и Жоскелин III смислиле измама и го поканиле Ремон во Ако. Неговото отсуство Сибила го искористила за да влезе во Ерусалим и да се круниса за кралица. Веднаш по крунисувањето, Сибила ја ставила круната на главата на нејзиниот сопруг Ги Лизињански. Крунисувањето се одржало во црквата на Светиот гроб. Крунисувањето било поддржано од Рене де Шатијон, Жерар од Рихфо и Жоскелин III. По битката кај Хатин и уништувањето на ерусалимската војска, Сибила заедно со Балијан од Ибели ја командувале одбраната на Ерусалим. Градот сепак бил освоен, а Сибила побегнала во Триполи заедно со нејзината ќерка. Починала во 1190 година во Ако. ПоврзаноЛитература
Надворешна врска
|
Portal di Ensiklopedia Dunia