Сиднејски заливски мост
Сиднејскиот заливски мост (англиски: Sydney Harbour Bridge) — една од знаменитостите на Сиднеј, Австралија. Мостот го поврзува Сиднејскиот деловен центар (Central Business District, CBD) со Северниот Брег (North Shore). Прекарот на мостот е „Закачалка“ (the Coathanger) заради карактеристичниот изглед. До 1967 мостот бил највисока градежна конструкција во Сиднеј. Австралијците доживеале разочарување кога дознале дека мостот Бајоне во САД кој е отворен на 15 ноември 1931 година е за 70 сантиметри подолг од нивниот мост. Иако не е најдолг сепак и понатака е најголемиот мост изграден од челик. Проектант на мостот бил Сер Ралф Фриман (Ralph Freeman) кој исто така бил и структурен инженер на мостот Бирченог во Зимбабве па заради тоа мостовите се слични. Распонот на Бирченог мостот изнесува ⅔ од распонот на Сиднејскиот мост. Ралф Фриман исто така го проектирал и мостот Викториини Водопади на Викториините Водопади. Надворешни врски
Камери во живо:
Слики:
( ) |
Portal di Ensiklopedia Dunia