Сидониј Аполинариј
Сидониј Аполинариј, попознат како Свети Сидониј Аполинариј (5 ноември[1] годината непозната, ок. 430 – 21 август 489 година) бил поет, дипломат и епископ. Сидониј, според Ерик Голдберг, е "единствениот преживеан автор од петтиот век од Галија" [2]. Тој бил еден од четирите галоримски аристократи од 5-6 век чии писма во поголем дел преживеале . Другите се епископот Рурик од Лимож (починат во 507), епископот Авит Виенски (починат во 518) и Магн Феликс Енодиј од Арл, епископ на Тицинум (починат во 534). Сите биле поврзани во тесно аристократска галоримска мрежа на епископи на католичка Галија.[3] Неговиот слава е на 21 август. ЖивотСидониј се родил во Лугдунум (Лион). Неговиот татко Аполинариј бил префект на Галија за време на Валентинијан III. Тој со гордост се сеќава дека со татко му присуствувал на поставувањето на Астириј за конзул во 449.[4] Дедото на Сидониј бил преторијански префект на Галија некаде пред 409 година и пријател на неговиот наследник Децим Рустик. Сидониј можеби бил потомок на еден друг Аполинариј кој бил префект на Галија за време на Константин II помеѓу 337 и 340. Сидониј се оженил со Папијанила, ќерка на царот Авит, околу 452.[5] Од овој брак добил еден син, Аполинариј, и најмалку две ќерки: Сидониј во неговите писма ги споменува Северина и Роскија, но третата, Алцима, се споменува многу подоцна од страна на Григориј Турски, додека Теодор Момзен шпекулира дека Алцима веројатно е друго име за некоја од неговите други ќерки.[6] Меѓу познаниците на Сидониј се вбројуваат епископот Фауст Риецки и неговиот теолошки противник Клаудијан Мамертиј Во 457 Мајоријан го победил Авит и го заземал градот Лион. Сидониј паднал во негови раце. Сепак, угледот на Сидониј како учен човек го натерало Мајоријан да се однесува кон него со најголема почит. Како одговор на тоа, Сидониј напишал пофалба (панегирика) во неговата чест (како што претходно направил за Авит), за што бил награден со статуа во Рим и со грофовска титула. Во 467 или 468 царот Антемиј го наградил за панегирика што била напишана во негова чест и го назначил за урбан префект на Рим до 469, а потоа станал патрициј и сенатор. Во 470 или 472 година, тој бил избран да го наследи Епархиј во епископијата на Оверњ (Клермон, сега Клермон Феран). Кога Готите го освоиле Клермон во 474 година, Сидониј бил затворен бидејќи земал активно учество во одбраната. Потоа бил ослободен од заробеништво[7] од страна на Еурик, кралот на Готите и продолжил со неговата верска активност која ја извршувал сѐ до неговата смрт. Релациите на Сидониј се проследенуваат низ неколку генерации, како приказна за семејниот успех, важноста на неговиот дедо по татко и падот подоцна во 6 век под Франките. Сидониј бил син на Аполинариј, дописник на епископот Рурик од Лимож, заповедник на војската во Оверњ која била губитник во одлучувачката битка кај Вуј, и бил епископ на Клермон четири месеци пред неговата смрт.[8] Аркадиј, внукот на Сидониј, кога ги слушнал гласините дека франкискиот крал Теудерик I умрел, го предал Клермон на Хилдеберт I. Неговото друго појавување во историјата на Григориј Турски е како слуга на кралот Хилдеберт.[9] ДелаНегово пообемно дело се неговите Панегирики за различни императори (во кои тој се потпира во голема мера врз Статиј, Авзониј и Клаудијан), кои документираат неколку важни политички настани. Песната 7 е панегирика за неговиот тест Авит и неговото назначување за император. Песната 5 е панегирика за Мајоријан, која нуди доказ дека Сидониј бил во можност да го надмине природниот отпор и непријателство кон човекот кој бил одговорен за смртта на неговиот тест. Песната 2 е панегирика за царот Антемиј, дел од напорите на Сидониј да биде назначен за урбан префект на Рим. Неколку примероци на пригодни стихови и девет книги Писма, за кои В. Б. Андерсон го напишал следново: ![]()
Во овие Писма се открива Сидониј како човек со генијален темперамент, љубител на доброто живеење и на задоволството. Писмо на Сидониј упатено до Риотам, "Кралот на Бритоните" (околу 470) е од особен интерес, бидејќи обезбедува докази дека крал или воен водач поврзан со Британија живеел околу временската рамка на кралот Артур. Најдоброто издание е во Monumenta Germaniae Historica (Берлин, 1887), која дава преглед на ракописите. Англиски превод на неговата поезија[11] и писма од В. Б. Андерсон, со придружни латински текстови, бил објавен во 1939[12]. Меѓу изгубените дела е она за Аполониј Тијански.[13] Григориј Турски Сидониј го опишал како човек кој умеел да празнува литургија без да чита од светите книги и да држи неподготвени говори, без никакво двоумење.[14] Наводи
Библиографија
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia