Сизиф (дијалог)
Сизиф (грчки: Σίσυφος) ― дело за кое се тврди дека е еден од дијалозите на Платон. Дијалогот е сочуван и бил вклучен во изданието на Стефан (Анри Естјен), објавено во Женева во 1578 година. Сега е општо признаено дека е неточно. Делото веројатно датира од четвртиот век п.н.е., а авторот се претпоставува дека бил ученик на Платон.[1] СинопсисСтанува збор за дијалог меѓу Сократ и Сизиф од Фарсал. Сизиф верува дека размислувањето овозможува да се најде најдобриот начин на дејствување, но Сократ е збунет од тоа што е размислување и зошто тоа би требало да се разликува од претпоставките. До крајот на дијалогот, станува јасно дека Сизиф не знае што е тоа размислување.[1] Се чини дека дијалогот вклучува идеја за добро размислување (евбулија) за која Исократ бил забележан експонент.[1][2] Авторот го користи поимот „дијалегесте“[3] на неплатонски начин за да се однесува, не на дијалектиката, туку на она што Платон го сметал за еристично.[4] ДатирањеКарл Вернер Милер вели дека делото Сизиф може да биде датирано од средната третина на 4 век п.н.е., и, препоставувајќи дека наводот кон „Калистрат“[5] е до Калистрат од Афидне, до периодот помеѓу Калистратовата смртна казна во 361 година и неговото погубување (до 350 година), кога никој немал потреба да праша „Кој е Калистрат?“ туку постојаното менување на местоположбата од страна на Калистрат, се сменило вистинското прашање во „Каде е Калистрат?“.[6] Франческо Аронадјо исто така го датира делото во Платоновиот животен век и го сместува во рамки на кругот на Платотовата Академија.[7] Шлајермахер имал мислење дека делото можеби било напишано во Мегарската школа.[8] Дијалогот е слободно парафразиран во „За советувањето“ на Дион Златоуст (говор 26), најраниот пример на познат автор кој се повикува на дело на Appendix Platonica (нотеуомени).[9] Забелешки
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia