Синапса
![]() Синапсата претставува функционална врска меѓу две надразливи клетки чии цитоплазми градат електрогени (електросоздавачки) мембрани.
Многубројните врски меѓу невроните што се остваруваат преку централните синапси овозможуваат сложена координација и интеграција на рефлексната активност на организмот. Пресинаптичка мембранаПресинаптичката мембрана претставува електрогена мембрана на нервниот завршеток. Во нејзината аксоплазма присутен е голем број гранули или меурчиња исполнети со ацетилхолин. Синаптичка пукнатинаСинаптичката пукнатина претставува простор меѓу пресинаптичката и постсинаптичката мембрана. Широчината на пукнатината варира меѓу 20 - 30 нм (200 - 300 ангстреми). Синаптичката пукнатина комуницира со околната меѓуклеточна течност. дифузијата на ацетилхолинот низ течноста на синаптичката пукнатина се одвива со голема брзина. Постсинаптичка мембранаПостсинаптичката мембрана претставува електрогена мембрана во која се наоѓаат рецепторите. Во моторната плочка присутни се холинрецептори. Рецепторите од постсинаптичката мембрана се изградени од специјални белковини кои реагираат на дејство на соодветна трансмитерска материја. Механизам на пренесување на импулси во мионевралната синапсаПренесувањето на импулсот низ синапсата се остварувана следниот начин. Дејствениот потенцијал на нервното влакно предизвикува деполаризација на пренапсичката мембрана и ослободување на ацетилхолинот. Тој минува низ синаптичката пукнатина и реагира соодветниот холинрецептор. Оваа реакција на медијаторот со рецепторот доведува до зголемување на пропустливоста на постсинаптичката мембрана за јоните на натриум и калиум. Движењето на овие јони низ порите на мембраната доведува до нејзина деполаризација, всушност, се создава ексцитациски постсинаптички потенцијал. Овој потенцијал претставува локална биоелектрична реакција, а тоа значи, дека потенцијалот не се шири во вид на електричен бран. Во овој момент имаме ситуација при која постсинаптичката мембрана е деполаризирана, а мембраната на мускулното влакно поларизирана, тоа значи, дека меѓу овие две мембрани постои потенцијална разлика. Со тоа, создадени се услови за кружни движење на струјата меѓу постсинаптичката мембрана и мембраната на мускулното влакно. Кога интензитетот на локалната струја ќе го достигне праговниот интензитет, во мембраната на мускулното влакно ќе се дејствен потенцијал. Откако ќе ја изврши својата функција медијаторот веднаш се разградува од соодветниот ензим. Со тоа синапсата е подготвена за трансмисија на нов импулс. Галерија
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia