Систем за варење![]() Варење или дигестија претставува сложен физиолошки процес, каде што хранливите материи, под влијание на физичката и хемиската обработка се претвораат во форми погодни за ресорпција и транспорт преку крвта и лимфата. Механичка преработка на храната се состои во ситнењето, влажнењето, мешањето и растворање на нејзините состојки. Хемиска преработка се состои од сложен низ последователни процеси, до разложување на сложените молекули на јаглехидратите, мастите и белковините до попрости хемиски соединенија погодни за ресорпција и транспорт преку крвта и лимфата. Органи за варењеОрганите на системот за варење можат да се поделат на две групи:
Дигестивни ферментиРазградувањето на хранливите материи надвор од организмот може да се оствари на високи температури и во присуство на силни бази или киселини. Меѓутоа, истите материи лесно и релативно брзо се разложуваат во дигестивниот систем под влијание на дигестивните сокови. Јаглехидратите се распаѓаат на моносахариди, белковините на аминокиселини, а мастите на глицерол и масни киселини. Ваквото лесно и брзо разградување на хранливите материи се должи на присуството на специфични материи во дигестивните сокови, наречени ферменти.Ферментите од дигестивниот тракт се делат на три групи.
Варење во усната празнинаПо внесување на храната во усната празнина прво се определува вкусот, од што зависи дали храната ќе биде задржана или отстранета.
ГолтањеГолтањето претставува сложен физиолошки акт и се дели на три фази.
Варење во желудникотЖелудникот претставува дел од дигестивниот тракт сместен меѓу хранопроводот и тенкото црево. Тој служи како резервоар за храна, а во исто време и како место каде што храната се меша со желудочниот сок. Создадената полутечна мешавина на храна со желудочниот сок се нарекува химус. Во желудникот се врши и разложување на некои хранливи материи под дејство на ензими. Храната во желудникот се задржува 4-10 часа.
Желудочен сок е бистра, безбојна течност со силно кисел вкус. Главните состојки на желудочниот сок се: вода, минерални материи, хлороводородна киселина, ферменти и ...
Механизам на лачење на желудочниот сокПри внесување на храната лачењето на желудочниот сок станува пообилно и се остварува во три фази: ```цефалична```, ```желудочна``` и ```цревна```. ЦефаличнаЦефаличната фаза претставува сложена, рефлексна фаза на секреторната активност на желудникот. Разговор, пријатен мирис или гледање на некое вкусно јадење, предизвикуваат кај гладен човек засилено лачење на желудочниот сок. Тоа е т.н. условно рефлекторно лачење на желудочниот сок или психичко лачење, бидејќи лачењето започнува пред храната да навлезе во дигестивниот систем. По внесувањето на храната во усната празнина, таа ги дразни рецепторите што се сместени во усната лигавица, а создадените импулси по нервен пат се пренесуваат до соодветните центри во продолжениот мозок. Од продолжениот мозок, преку нервус вагус, стимулирачките импулси се носат до жлездите во желудникот. Цефаличната фаза е безусловна. Желудочна или хемискаСо навлегувањето на храната во желудникот, по пат на механичко дразнење на желудочна лигавица ја засилува нејзината секреција. Освен тоа некои материи од храната или некои производи на нејзиното разградување, дејствуваат врз лигавицата во желудникот што доведува до продукција и ослободување на хормонот гастрин. Гастринот преку крвта доаѓа до желудочните жлезди и ги симулира да создаваат поголеми количини на желудочен сок. Цревна фазаХраната и производите од нејзиното варење, навлегуваат во тенкото црево и влијаат врз лачењето на желудочниот сок, било по нервен или по хуморален пат. Моторни функции на желудникотМускулните финкции на желидникот се трикратни:
Постојат два вида движења: тонички и перисталитички. Празнење на желудникотПразнење на желудникот се остварува во порции, а зависи од количината и хемискиот состав на химусот. Навлегувањето на првата количина од химусот во дванаесетпалечното црево дејствува по механички (рефлекс преку вагус) и хемиски пат (ентерогастрон и секретин) врз понатаможното празнење на желудникот. Празнењето на желудникот е забавено во случаи кога химусот е покусел отколку што е нотмално, кога содржи повеќе маснотии и белковини или доколку е хипертоничен или хипотоничен. Брзината на празнењето на желудникот зависи од видот на храната. ПовраќањеПовраќање (вомитус) претставува сложен рефлексен акт со кој содржината на желудникот, а делумно и од почетниот дел од цревата се исфрла надвор преку устата. Понекогаш дел од содржината се исфрла и преку носните отвори. Пред повраќањето човекот чувствува мака,гадење и изнемоштеност. Ова чувство е придружено со бледило, потење и зголемено лачење на плунката. Поттик за повраќање се јавува при дразнење на голтникот, коренот на јазикот, лигавицата на желудникот, цревата итн. Импулсите се пренесуваат до центарот за повраќање во продолжениот мозок, а од тука еферентните нерви до мускулите што учествуваат во актот на повраќање. Повраќањето започнува со отворање на кардијалниот сфинктер, поради силната мускулна контракција од предниот абдомијален ѕид со што желудникот се потиснува кон дијафрагмата. Желудочната содржина, преку отворената кардија се уфрлува во хранопроводот, низ кој со антиперисталтичките движења содржината се пренесува во голтник, усна празнина и најпосле се исфрла на надвор. Варење во дванаесетпалечното цревоВрз хранливата каша (химус) што доаѓа од желудникот во дваесетпалечното црево дејствуваат жолчката, цревниот и панкреасниот сок. Надворешни врскиВарење на храната Архивирано на 31 мај 2012 г. Дигестивен систем - видео анимација Архивирано на 18 август 2013 г.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia