СкафизамСкафизам — староперсиски начин на погубување што довел до особено болна смрт, која всушност најверојатно не ни постоела. Името доаѓа од грчкото σκάφη, што значи „чамец“. Осудениот на смрт со скафизам е соблечен целосно гол и затворен во празниот простор на два цврсто прицврстени тесни чамци или издлабени трупци, а главата, рацете и нозете му остануваат испакнати. Потоа е принуден да проголта обилни количини мед и млеко додека не развие остро растројство. Дополнително се полева со мед (или мед и млеко) за да се привлечат инсекти, посветувајќи посебно внимание на очите, ушите, устата, лицето, половите органи и задниот премин. Така врзан и наполнет се остава во некое калливо езеро или на сонце. Со текот на времето, празниот простор помеѓу чамците, односно отворите, почнале да се полнат со измет на осудените на смрт. Тие привлекуваат уште повеќе инсекти, кои почнуваат да го јадат незаштитеното месо и да живеат во него. Нивното копање доведува до прекин на крвоснабдувањето, со што месото се зафатува со гангрена. Секој ден следи дополнително хранење на смртникот со мед и млеко за да се продолжи времетраењето на мачењето. Кога смртта милосрдно се случува, таа најчесто е од комбинација на дехидрација, глад или септичен шок. Можно е да се постигне и делириум, обично по неколку дена.[1] Историски докази
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia