Сквернавење на знаме![]() Сквернавење на знаме е израз кој се однесува на неколку видови дејствија со кои се уништува или се оштетува знамето, најчесто националното знаме. Најчесто со ваква постапка се искажува политички револт против земјата или нејзината политика. Во некои земји постои закон против уништување на знамето (на пример палење на знамето). Во некои земји се разликува законот против сквернавење на знамето од сопствената земја и законот против сквернавење на знаме од друга земја. Исто така постојат земји во кои палењето на знамето со закон е заштитено како акт за изразување на „слобода на говорот“. ПотеклоЗнамето може да се уништи со палење, да се нагрди со пароли, да се измачка со измет, да се изгази, да се удира, или да се фрли во кал. Покрај тоа, може да се отпечати знамето врз тоалетна хартија, салветки, брисачи за нозе и слични производи преку кои во секојдневната употреба знамето ќе биде осквернавено. Ваквите постапки може да се мотивирани од неколку причини:
Изразот палење на знаме се однесува само на палење на знамето како чин на протест. Во САД постои пишано правило во врска со знамето, во кое се вели дека „кога знамето ќе биде во состојба да не е повеќе за јавно истакнување, треба да се уништи на достоинствен начин, а најдобро со палење“, но се додава дека таа постапка треба да биде организирана од овластени лица и да биде пропратена со соодветна церемонија.[1] Белешки
НаводиНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia