Скијачки центар „Маврово“, офиц. Скијачки центар „Заре Лазарески“ — скијачки центар покрај селото Маврово, Гостиварско. Идеен основач на овој скијачки центар е Заре Лазарески, и поради тоа скијачкиот центар го носи неговото име.
Вкупно има изградено 3 жичници и 11 влечници (ски-лифтови), од кои првата жичница е изграден уште во 1964 година. Вкупната должина на патеки изнесува 15,5 км. Патеките за скијање се наоѓаат на надморска височина од 1.255 па сѐ до 1.878 м.н.в. Влечниците и жичниците имаат вупен капацитет од 11.100 лица на час. Скијачкиот центар се наоѓа на 30 км од градот Гостивар.
Жичници
Име
Вид
Име на патеката
тежина на патеката
М.н.в.
(почетна)
М.н.в.
(крајна)
Вис.
разлика
Брзина
(м/с)
Време на
возење
Должина
(м)
Капацитет
(лица/час)
Производител
Корија (Едносед)
едноседна
„Корија“ (т.н. „Стара стаза“)
црна
1.255
1.604
349
2
9 мин 10 сек
1.002
450
н/п
Маврово 1
двоседна
„Брзача“ (т.н. „Нова стаза“)
црна
1.268
1.680
412
2
17 мин
1.862
800
Допелмајр
Маврово 2
двоседна
„Брзача“ (т.н. „Нова стаза“)
црна
1.268
1.682
414
2
16 мин
1.775
600
Лајтнер
Влечници
Име
Боја (тежина на патеката)
Вид
М.н.в.
(почетна)
М.н.в.
(крајна)
Висинска
разлика (м)
Брзина
(м/с)
Време на
возење
Должина
(м)
Капацитет
(лица/час)
Производител
Електроцентрали Маврово (т.н. Црвен ски-лифт, Прв ски лифт)
Вкупната должина на тешки (црни) патеки за алпско скијање е 5 км, среднотешки (црвени) патеки се со вкупна должина 6,5 км и лесни (сини) патеки има вкупно 4 км.
Исто така, во овој скијачки центар е и познатата патека за нордиско скијање „Мирна Долина“ на истоименото место. На оваа патека се организира меѓународниот натпревар во нордиско скијање „Мавровски меморијал“, посветен на 52-те загинати лица во лавината која ги има затрупано објектите за сместување на луѓето кои работеле на изградбата на хидросистемот „Маврово“.
Скоро половина од патеките за алпско скијање имаат систем за вештачко оснежување.