Скриена камера (роман)
Скриена камера — роман на македонската писателка Лидија Димковска објавена во 2004 година од издавачката куќа Или-или.[1] За книгатаСкриена камера е првиот роман на Лидија Димковска.[2] Јунаци на романот „Скриена камера“ се тројца уметници: Лила, писателка од Македонија, Едлира, Албанка која се занимава со фотографија и Џозеф, музичар од Пакистан. Оваа тројка се запознава во Виена, каде што живеат во ист стан како стипендисти. Иако се припадници на различни позиции, од различни националности, тие се зближуваат и наоѓаат меѓусебни сличности. Приказната во романот е раскажана од два агли; првиот наратор е Лела, а вториот наратор е минијатурна камера скриена во нејзиниот ножен палец.[3] Романот „Скриена камера“ е трогателна приказна за толеранцијата напишана во кадри кои ги доловуваат настаните меѓу љубовта и смртта. Лидија Димковска веродостојно говори за меѓучовечките односи, при што го поттикнува поимот на Другиот соочувајќи го колективното и поединечното.[2][3] Изданија на други јазициСрпското издание на книгата го објавила издавачката куќа Агора во 2016 година во превод на Урош Пајиќ.[3] НаградиКнигата ја добила наградата на Друштвото на македонските писатели „Стале Попов“ за најдобра прозна книга за 2004 година.[3] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia