Скршена џамија (Битола)
Скршена џамија (Yıkık Cami) – муслимански храм од XVI-XVII век во Битола.[1] МестоположбаЏамијата се наоѓала во јужниот дел на градот, во близина на чаршијата, на улицата која води кон Ленски мост.[1] ИсторијаСпоред локална христијанска легенда, на местото на џамијата претходно постоела христијанска црква посветена на Свети Никола [1] или на Свети Павле. Месните христијани го посетувале храмот и палеле свеќи на источната страна. Во 1974 година биле спроведени археолошки ископувања, кои не покажале постоење на претходна градба.[2] Името Скршена се должи на скршеното минаре кое настрадало при бомбардирањата во Првата светска војна.[1] Градбата била срушена во 1974 година поради лошата состојба.[2] На нејзино место биле изградени зградите Грозд.[3] АрхитектураЏамијата била мала со квадратен молитвен простор со основа 7,93 m. Била покриена со плитка купола над пандантиви со пречник од 6 m. Барабанoт бил поедноставен со користење на горните агли на пандантивите. Таа била стар и поедноставен вид на рана џамија. Ѕидаријата била клоазоне со наизменични редови камен и четири реда тули. Ѕидовите биле дебели 1 m. Горните делови на градбата биле од кршен камен, покриена со ќерамиди. Основата на минарето била од камен и тули, додека телото и шерефето биле исцело од тула. На север имало трем со димензии 3,72 x 7,93 m со цилиндричен свод.[2] Оваа џамија му припаѓала на провинцијалниот архитектонски конзервативен стил од крајот на шеснаесетти век и почетокот на седумнаесетти век.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia