Скуша
Скуша (науч. Scomber scombrus; меѓународно: „атлантска скуша“) — риба од родот скуша (Scomber) во семејството на скушите (Scombridae) што живее на обете страни од Северниот Атлантски Океан, Средоземното, Црното и Северноледениот Океан. Ги населува отворените студени води и се движи во големи јата близу површината. Презимува во подлабоки води, а напролет доаѓа во поплитко, кога температурата ќе достигне 11–14 °C. Се храни со помали риби и ракчиња. Машките и женските единки растат со иста стапка и живеат највеќе 20 години, достигнувајќи до 47 см. Полово созреваат на возраст од три години. Во исхраната
Скушата е мошне барана риба и се јаде зготвена или свежа како сашими. Има црвено место и силен вкус. Содржи многу големо количество на витамин Б12 и масни киселини омега 3 — речиси двојно повеќе од лососот. Конзервираната скуша ужива популарност во Скандинавија и Велика Британија. Се продава во доматен сос, во саламура или во масло. Оваа риба е одличен извор на фосфатидилсерин и содржи 480 мг на секои 100 гр тежина. Во најново време оваа супстанција се истражува како ублажувач на здравствени пореметувања како хиперкинетичко растројство и Алцхајмерова болест. Наводи
Надворешни врски
Галерија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia