Професор д-р Славе Ристески е роден на 20.06.1950 година во с. Издеглавје, Охрид. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје ( 1973 година ) , а магистрирал на Економскиот факултет во Белград ( 1980 година ) , на стадиумот од областа на Статистичката анализа во економијата. Докторирал на Економскиот факултет во Скопје во 1987 година, на тема од областа на Пазарот на трудот.
На Економскиот факултет во Скопје работи од 1974 година, најпрво како асистент, од 1987 година како доцент, а во 1992 е избран како вонреден професор и во 1997 година е избран за редовен професор.
Во три мандата бил шеф на Катедрата за математика, статистика и информатика. Бил продекан за финансии на Економскиот факултет во Скопје. Д-р Славе Ристески бил член на Економскиот совет на Владата на Република Македонија и на Советот на Заводот за статистика на Република Македонија.
На Економскиот факултет во Скопје, д-р Славе Ристески ги предавал следниве научни дисциплини: Основи на статистичка анализа, Стопанска и деловна статистика, Демографија и економска статистика. Со новиот наставен план ги предава дисциплини: Статистика за бизнис и економија, Демографија и анализа на временски низи. Раководител е на постдипломскиот студиум Статистички методи за бизнис и економија каде ги предава дисциплините: Мултивариациони статистички методи и Анализа на временски низи. Дополнително, предава и научни дисциплини на третиот циклус на студии.
Професор д-р Славе Ристески остварил повеќе студиски престои во странство, меѓу кои може да се истакнат престоите на: Универзитетот ,,Карлос Три” во Мадрид, Универзитетот ,,Рома Три” во Рим , Универзитетот ,, Рен Два “ во Рен, Универзитетот ,, Деусто “ во Билбао и ,, Источномедитерански универзитет ” во Кипар.[1]
Публикации
Квантитативна анализа за формирање на работната сила – 1984
Работната сила и прашањата на положбата на вработеноста во СР Македонија- 1987
Примена на статистичките методи во економските истражувања – 1988
Економска статистика – 1991
Економска статистика - 1992
Основи на статистичка анализа - 1993
Статистика за менаџмент и економија – 1994
Статистика за менаџмент и економија – 1996
Демографска транзиција во Македонија – 1996
Економска статистика – 1997
Статистика за менаџмент и економија - 1998
Демографски движења и процеси во Република Македонија (1948-1990) – 1998
Статистика за бизнис и економија – 1999
Демографска статистика – 2000
Статистика за бизнис и економија – збирка задачи - 2001
Статистика за бизнис и економија II издание - 2003
Економска статистика-модели на доработка на статистички податоци – 2004
Демографски методи со демографска анализа – 2006
Статистика за бизнис и економија III издание – 2008
Демографија - методи и анализа – 2009
Статистика за бизнис и економија IV издание – 2010
Вовед во анализата на временските низи - 2012
Истражувања
(Не)Потребата за концепирање и донесување на доследна и диференцирана популациона политика во Република Македонија – 2003[2]
Придонесот на нобеловците Енгл и Гренџер за усовршување на статистичките методи за анализа на економските временски низи – 2004[3]
За феноменот на втората демографска транзиција -2006[4]
Оценување и предвидување на бруто-домашниот производ на Република Македонија – 2007[5]
Невработеноста во Република Македонија: Одлики, структура и мерки – 2008[6]
Интензивниот процес на демографската транзиција и импликациите врз демографскиот развој на Република Македонија – 2009[7]
Прашања и проблеми поврзани со регионалната демографска хетерогеност во Република Македонија – 2011[8]
Прашања и проблеми поврзани со мерењето на животниот стандард на населението на Република Македонија - 2012[9]
Наводи
↑60 години Економски факултет - Скопје : Економски факултет, 2012