Славка ДинковаСлавка Динкова Константинова ( 1848 во Солун — 19 април 1869 во Солун)[1] ― културно-просветен деец, поет[2] и прва позната феминистка од Македонија.[3] ЖивотописСлавка е ќерка на видниот македонски преродбеник и револуционер Константин Држилович[2] и неговата сопруга Велика, односно сестра на Ѓорѓи Динков - Динката.[4] Таа уште на четири години почнала да учи на грчки јазик, на осумгодишна возраст се запишала во главното грчко училиште во Солун, а на дванаесет години го завршила училиштето. Веќе следната година се запишала во француското училиште на милосрдните сестри, кое со успех го завршила по две години. Во ова време Славка, покрај грчкиот, добро го владеела и францускиот јазик.[1] Просветна дејностОд рани години била посветена на просветувањето на својот народ на мајчин јазик. Таа била бодрена од својата мајка Велика, па така во 1866 година во татковата куќа во Солун, го отворила првото македонско училиште.[2] Во однос на бројот на ученичките, првата година била мошне скромна: започнала со една, а завршила со три ученички. Втората година започнала со 13, а завршила со 30 ученички, додека, пак, третата година започнала со 28 ученички. Во училиштето Славка работела бесплатно. Поради ваквиот начин на работа на училиштето му била потребна материјална помош и помош во книги и учебници. Најмногу пари вложило самото семејство Држилович и солунскиот шивачки еснаф. Одредена сума пари дале и некои граѓани од Велес, Битола и од Прилеп, како и самите ученици.[1] Развивала широка активност ѝ во пишувањето статии за воспитувањето на девојчињата, за што како пример ги имала писмата на Аделаида де Тоне.[2] Непосредно пред смртта, во октомври 1868 година, Славка се свршила со некое момче од Воден, Ване Г. Х. Мичев, кој е опишан како „син единец на татка и од древна и богата фамилија од колено“.[1] Починала млада на само 21 година.[2] Родословие
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia