Сликозафатник![]() Сликозафатник (сензор или фотоматрица) — направа кај оптичките уреди која претвора оптичка слика во електричен сигнал. Наоѓа примена главно кај дигиталните фотоапарати и други уреди за светлосен запис. Сликозафатникот обично е уред со напојна врска (CCD) или активнопикселски сликозафатник во облик на комплементарен метал–оксид–полупроводник (CMOS). Сликозафатникот е вид на светлосетилник. CCD наспроти CMOSДенес највеќето дигитални фотоапарати користат сликозафатници од типовите CCD или CMOS. Обата типа ја вршат истата задача — доловување на светлината и нејзино претворање во електрични сигнали. Уредот со напојна врска (CCD) е аналоген уред. Кога светлината ќе дојде до интегралното коло (чипот), таа станува мал електричен сигнал во секој сликозафатник. Овие полнења се претвораат во напон, еден по еден пиксел (точка), како што се вчитуваат од интегралното коло. Други кола во фотоапаратот ја претвораат напонот во дигитални информации. CMOS интегралното коло е вид на активнопикселски сликозафатник направен со помош полупроводничкиот процес на CMOS. До секој сликозафатник има дополнителни кола кои ја претвораат светлосната енергија во напон. На интегралното коло може да има дополнителни кола за претворање на напонот во дигитални податоци. Ниедна од овие технологии немаат јасна предност во квалитетот на сликата. Сликозафатникот од типот CMOS може да се имплементира со помалку делови, да користи помалку струја и/или да дава побрзо вчитување отколку сликозафатникот од типот CCD. CCD од друга страна, е посозреана технологија и во скоро секој поглед е еднаква на CMOS технологијата.[1][2] ОценувањеПри оценувањето на работата на еден сликозафатник може да се користат многу параметри, меѓу кои неговиот динамички опсег, неговиот сооднос на сигнал и шум, чувствителноста на мала светлина итн. Кај сликозафатниците од споредлив тип, соодносот на сигнал и шум и динамичкиот опсег се подобруваат со зголемување на неговите димензии. Сликозафатници за бојаПостојат неколку главни вида на сликозафатници за боја, кои се разликуваат по начинот на одвојување на боите:
Наменски сликозафатнициНаменските сликозафатници се користат за најразлични примени како топлински испис, правење на повеќеспектарски снимки, гама камери, сетилни полиња за рендгенски зраци, и други високочувствителни полиња со примена во астрономијата. Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia